петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Меѓународна конференција за реформите во катастарот

Скопје, 16 мај (МИА) - Презентација на досегашните и на идните реформи на катастарот се главна цел на меѓународната конференција „Реформи во катастарот“ што во организација на Државниот завод за геодетски работи денеска се одржува во Скопје.

На конференцијата презентации за реформите во катастарот ќе одржат и претставници од катастрите на  Словенија, Хрватска, Црна Гора и Албанија.

- Работата на катастарот е една од клучните фактори за непречен влез на странски инвеститори и за подобрување на економската состојба во Македонија. Владата затоа ќе продолжи со реформите на катастарот за да може дополнително да се скратат роковите за издавање на документите, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во поздравниот говор на отворањето на конференцијата.

Тој нагласи дека реформите на катастарот беа еден сегмент од „регулаторната гилотина“ со кој се постигна подобрување на услугите и за 50 отсто намалување на цените, што, како што рече, ќе овозможи продажба на неизграденото градежно земјиште.

- Со предложените измени на Законот за  градежно земјиште ќе им се овозможи на странците да купуваат градежно земјиште, а со законот за градење ќе се оневозможи продавање на еден стан на повеќе лица и за 50 отсто ќе се скратат роковите за издавање документи, рече Јанакиески посочувајќи дека е воведен и принципот молчењето значи одобрување.

Дирекоторот на Државниот завод за геодетски работи Љупчо Георгиевски истакна дека нивна цел е до 2009 година да има 100 процентна покриеност на катастарот на недвижности. Во моментов покриеноста изнесува 70,5 отсто, а до крајот на годинва, според Георгиевски се очекува  да изнесува 82 отсто.

Тој истакна дека во последниве две години расте бројот на решени предмети од катастарот и се намалува разликата меѓу поднесените барања и решените предмети. Во текот на минатата и во првите четири месеци од оваа година катастарот има повеќе решени предмети отколку поднесени барања, со што, како што рече Георгиевски, се намалува бројот на заостанати предмети.

- Во изминатиот период направено е многу за да се намалат роковите за издавање на бараните документи, така што во моментов за еден ден се врши запишување или бришење на хипотека, а воведена е и нова електронска услуга за брз и едноставен пристап до базата на податоци во Државниот завод за геодетски работи, посочи Георгиевски.

Даниел Асплунд од Шведската амбасада рече дека Шведската агенција за соработка и развој - СИДА ја поддржувала и ќе ја поддржува реформата на катастарот во Македонија. Тој очекува и во иднина со истиот интензитет да продолжат реформите во катастарот.

Амбасадорката на Холандија во Македонија Симоне Филипини рече дека е  осум месеци во земјава и оти за тој период се сретнала со многу луѓе и фирми кои имаат проблеми со нивните имоти, како и со многу лица кои имаат намера да купат поголемо парче земја и да најдат локација која ќе се состои од едно парче. Затоа, како што рече, многу е корисна денешната конференција, како и продолжувањето на започнатите реформи во катастарот.



Наjновo од Вести
Најмалку едно лице загина во самоубиствен напад во Таџакистан
Премиера на „Црвената магија“ во Струмичкиот театар
„Гардијан“: Притисок на ЕУ врз Белград да почне разговори со косовските власти
Најмалку пет луѓе загинаа во новите шумски пожари што ја зафатија Јужна Русија
Во Делчево почнува манифестацијата „Пијанечко - малешевска свадба“
При напад на ФАРК загинаа 14 полицајци
Јапонија наложи дополнителни санкции против Иран
Претседателот Иванов ќе се сретне со министрите Ставрески, Наумовски, Милошоски и Маневски
Промоција на книгата „Модерен светец“ од авторот Фросина Наумовска
Министерот Ивановски во посета на ОУ„Лазо Трповски“ во општина Карпош
Три лица се убиени кај ТЦ „Три Бисери“ во Скопје
На трите факултети во Велес има слободни места за упис во вториот рок
Охридскиот „Црвен крст“ ќе спроведува едукативна програма за развивање способностите кај младите
Црвенковски во Подгорица се сретна со Ѓукановиќ и Вујановиќ
Презентиран локалниот акциски план за унапредување на положбата на лицата со попреченост во Охрид
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи