недела, 05.07.2009

  IDIVIDI Мени
download
Вести / Македонија

Отворен Центар за здравствени информации на граѓаните

Скопје, 16 мај (МИА) - Заменик министерот за здравство Владимир Лазаревик и директорот на Републичкиот завод за здравствена заштита (РЗЗЗ) Драган Ѓорѓев денеска го отворија првиот Центар за здравствени информации на граѓаните во Република Македонија.

Центарот ќе обезбеди лесна достапност до информации од јавен карактер од областа на здравствениот систем што ќе помогне да се зголеми ефикасноста во работата на здравствените институции, достапност на информациите до граѓаните и непосредна комукација со јавноста.

- Ова е проект кој беше најавен во програмата на Владата во 2006 година. Во изминатиот период се работеше интензивно на неговата подготовка пред се во делот на локацијата на Центарот каде најсоодветно ќе биде на достап и за лесна комуникација на граѓаните, рече Лазаревик.

Граѓаните, посочи Лазаревик, за се она што ќе ги интересира од областа на здравството, ќе можат да се информираат преку телефон или да ја посетат кацеларијата за врски со јавноста која ќе работи до 16 часот и 30 минути. Просториите на Центарот се лоцирани во зградата каде што се наоѓа РЗЗЗ. 

Преку Центарот ќе се овозможат информации за пациентите за нивните права и обврски предвидени со Законот за заштита на правата на пациентите, за начинот и за местата на кои можат и треба да ги бараат и остваруваат нивните права, за превентивните активности кои се однесуваат на подобрување на здравјето на популацијата, за начинот на организирање на здравствената заштита во државата итн.

- Имаме развоен план за интеграција и поврзаност на овој Центар со информатичкиот систем кој се подготвува во рамките на Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и РЗЗЗ. Како еден цел интегративен дел се очекува дека во Центарот ќе може да се обезбеди на најбрз и најефикасен начин секаков вид здравствен податок, додаде Лазаревик.

Ѓорѓев истакна дека во Центарот ќе работи стручно лице, доктор по медицина кој на граѓаните за некои најосновни здравствени проблеми ќе им дава основни информации и ќе им покаже како да се дојде до таа информација на Интернет.

Во просторијата за прием граѓаните ќе се регистрираат и нивните барања и прашања ќе се испраќаат до секторите кои се компетентни да дадат одговор или ќе се повика компетентно лице доколку информацијата може веднаш да биде обезбедена. Еден вработен ќе ја организира и промовира работата на Центарот преку кампањи, трибини, настани, изработка на промотивен материјал итн. Просторијата за одржување на пресови и трекалезни маси е опремена со неколку комјутери и друга техничка опрема за реализирање на состаноците и слободен пристап на граѓаните до интернет и список на сите поважни веб-адреси кои ја промовираат здравствената заштита и правата на пациентите.

- Очекуваме определен период на адаптација, но мислам дека многу брзо може да профункционира како што треба. Со текот на времето постои можност и за електронска комуникација со граѓаните, додаде директорот на РЗЗЗ Драган Ѓорѓев.


Наjновo од Вести
С. Кореја истрела пет ракети најверојатно со мал дострел
Воената хунта не дозволува средба на Бан Ки Мун со Сан Су Ќи
„Свинскиот грип сега е незапирлив“
Јадранка Косор доби мандат за премиер на Хрватска
Им плаќаат на емигрантите да си одат дома
Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Демир Хисар
Актерот Жарко Лаушевиќ уапсен во САД
ВМРО-ДПМНЕ: НСДП и СДСМ да одговорат кои се спонзорите на сценариото за дестабилизација на Македонија
Поради поплавите прекината жетвата и бербата на зеленчук во Струмичко
Зголемен интересот на струмичани за летување во Грција
Антикорупциска проверува дали Маневски земал и плата и пензија
Оставката на Боцевски нема да промени ништо
Фестивалот на францускиот филм ќе биде затворен во Центарот за култура „Григор Прличев“
Андов негира дека е вмешан во аферата „Пензии“
Забрана за вршење професија за осудените за изборни дела, предвидуваат новите измени на Кривичниот законик
Потпишан Проект за придонес за намалување на климатските промени на национално ниво
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи