
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Македонските матуранти танцуваа „Квадрил“ заедно со своите колеги од Европа (РПТ)
Скопје, 16 мај (МИА) - Неколку стотици матуранти денеска точно напладне танцуваа на музика на Штaрус во центарот на Скопје и во неколку други градови во Македонија како дел од манифестацијата „Матурска парада 2008“. Македонските матуранти играа истовремено со своите колеги од Словенија, Унгарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.
Скопските матуранти на плоштадот Пела го играа танцот „Квадрил“ од Штраусовата опера „Љиљакот“. Танцот се игра во четири етапи: „Панталон“, „Ете“, „Пасторел“ и „Финале“ и трае шест минути и 18 секунди.
Покрај во Скопје се играше и во Битола, Охрид, Струмица и во други градови во земјава. Заради исполнувањето на условот за истовремено играње на сите учесници на оваа манифестација, музиката преку сателит ја преземаше Македонското радио - Радио Скопје од Радио СЛО ВАЛ 202.
„Матурската парада“ во Македонија се одржува вторпат. Минатата година првпат „Квадрил“ го одиграа 592 македонски матуранти.
„Квадрил“ е француски танц стар повеќе од 250 години. Се танцува во четворка т.е. две двојки кои меѓусебе комуницираат при што се менуваат и поклонуваат во редици.
Првата „Матурска парада“ се одржа на 21 мај 2001 година во Љубљана на иницијатива на Томаж Амброж, а во организација на танцовата школа „Уршка“. По големиот успех и искажан интерес кај матурантите од тогаш се зголемува бројот на градови кои се вклучуваат во оваа манифестација која покрај самото танцување и забава претставува поставување Гинисов рекорд во истовремено синхронизирано играње на еден танц. За годинава се предвидуваше на манифестацијата да учествуваат матуранти од над 30 градови.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|