петок, 04.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Вести / Македонија

Конференција за известувањето на медиумите за Косово

Скопје, 16 мај (МИА) - Медиумите во Србија и на Косово во годините пред и сега, по косовската независност, известуваат главно според официјалните ставови на нивните политички претставници и дипломатите, критичкото новинарство е многу малку застапено, како и сториите за животот на обичните граѓани во Косово. Македонските медиуми известувале главно пренесувајќи агенциски вести, така што домашна дебата за ова прашање не се развила.

Овие заклучоци произлегоа од дискусиите на учесниците на дводневната конференција „Известувањето на медиумите за состојбата во Косово“ на која учествуваа новинари, медиумски експерти, универзитетски професори од дваесетина земји од Европа.   

Анализата за Македонија, што е направена врз основа на изданијата на „Дневник“ и „Утрински весник“, покажува дека овие медиуми за состојбата на Косово во јануари и февруари годинава пренесувале главно агенциски вести и оти преземале текстови од странски медиуми. Во извештајот што ќе биде објавен на почетокот на јули се наведува дека во овој период, кој беше еден од најважните за регионот, има објавено само еден авторски текст и по две колумни.  

- Интересно е дека домашни автори имаше многу малку - две колумни по весник, што говори дека домашна дебата за Косово не се разви. Објавени беа околу пет анализи од кои само една од домашен автор, изјави Марко Трошановски од Институтот за демократија и автор на истражувањето за Македонија.  Тој укажа дека само двајца политичари имале објавено свои колумни за прашањето што покажа дека и тие тешко се впуштаа во анализи и дискусии за ова прашање.  

Медиумите на албански јазик во Македонија, според новинарот Даут Даути имаа поинаков пристап во известувањето за состојбата на Косово. - Тие секогаш поаѓаа од албанската позиција на проблемите. Проблемите на малцинствата на Косово на медиумите на албански јазик во Македонија им беа малку подалечни, изјави Даути. Според него, медиумите во Македонија не го третираа многу внимателно прашањето со обележувањето на границата меѓу Косово и Македонија.  

Главниот уредник на приштинскиот весник „Коха Диторе“ Агрон Бајрами изјави дека луѓето во Србија и на Косово со години живееле во различна реалност.

- Медиумите секогаш различно гледаа на косовскиот конфликт. Војната во 1999 беше за ослободување на Албанците од Косово, од агресијата на Србите, хуманитарна катастрофа. Во Белград тоа беше презентирано онака како што бараа политичарите, изјави Бајрами. Разликите се огледаат во примерот за тоа како беа нарекувани оние што се бореа за независноста на Косово. - За Албанците на Косово тие беа борци за слобода, за Србите терористи, додека странските медиуми ги нарекуваа бунтовници, рече тој.

Бајрами смета дека треба да се известува не само за себе туку и за другите, за секојдневниот живот на луѓето, кофликтот да се остави во позадина, но оти тоа не може да се стори во еден ден. - Треба да се работи на намалување на политичкото влијание, на подигнување на стабдардите во работењето на почитување на различните вредности, на толеранцијата. Исто така медиумите во регионот треба да направат чекор напред, но не тоа да го направат само одредени медиуми, изјави Бајрами.

Директорот на Косовскиот институт за новинарство и комуникации Вилем Хоувен изјави дека се забележува оти косовските медиуми се многу некритични и дека кај нив се чуствува длабоко олеснување по усвојувањето на Декларациата за независност. - Тие известуваат главно за земјите што го признаваат Косово и нема многу негативни извештаи, што е лошо новинарство, изјави тој.   Хоувен рече дека меѓународните медиуми известувале многу за Косово во периодот пред и по независноста, и оти по 17 февруари, се појавиле многу, главно, негативни текстови за состојба на Косово. Хоувен посочи на германскиот весник „Шпигел“ кој објавил текст за мафијата во Косово и нејзините врски и влијание. Текстот, како што рече, бил преведен и преземен само од највлијателниот косовски весник „Коха Диторе“, но не предизвикал особено влијание во земјата иако бил доста критичен.

- Србите знаат за Косово само она што политичарите сакаат тие да знаат. Ние не знаеме што точно се случува на Косово, како живеат луѓето таму и кои се нивните секојдневни потреби, изјави на Конференцијата колумнистот на белградскиот дневен весник „Политика“ Бошко Јакшиќ.

Тој рече дека многу малку новинари од Србија известуваат од Косово, а оние кои се оттаму се премногу ранливи поради емотивноста, како и поради тоа што лесно можат да станат дел од уцени и закани. Според него нема текстови во кои е запазена човечката страна на работите. Како пример тој укажа на едно истражување направено во ноември 2007 според меѓу печатените медиуми во Белград кое покажува дека од 700 текстови објавени за Косово само 62 стории се за животот на луѓето. Останатите се поврзани за статусот на Косово и 19 за инциденти што се случиле таму.

Ова, меѓудругото, го покажува и истражувањето направено во изданијата на „Блиц“ и „Маѓар Со“, весник на унгарското малцинство во Србија,  во јануари и февруари што го презентираше Дубравка Валиќ - Недељковиќ , претседател на Новосадската школа за новинарство и автор на истражувањето за Србија. Во изданијата во тој период доминирале само ставови и изјави, немало текстови за мултиетничноста. Во јануари немало насловни страници поврзани со Косово бидејќи доминатни биле претседателските избори. Валиќ- Тодоровиќ сугерираше дека српските медиуми треба да отворат свои дописништва на Косово за што пообјективно и доследно да биде известувана јавноста за тамошните случувања.

Конференцијата е дел од проектот кој Македонскиот Институт за медиуми го спорведува заедно со Мрежата од Југоисточна Европа за професионализација на медиумите. Во рамките на овој проект ќе бидат спроведени истражувања во 1 земји од Југоисточна Европа кои ќе покажат како медиумите во тие земји известувале за чинот на прогласување на независност, но и за настаните поврзани со Косово во последниов период. Овие истражувања, од кои дел ќе бидат презентирани на Конференцијата ќе бидат публикувани во книгата во средината на оваа година.


Наjновo од Вести
Поранешните први луѓе на ФК „Црвена ѕвезда“ ослободени од притвор
На Кокино пронајдени предмети од бронза
Иницијатива за основање Музеј на еврејската заедница во Битола
Прва средба на експертски делегации од министерствата животна средина на Македонија и на Турција
Швајцарско радио тврди дека колумбиските бунтовници добиле 20 милиони долари за да ја ослободат Ингрид Бетанкур
Прилепчанец пронајден мртов на терасата од неговиот стан
Честитка од Еленовски до Гејтс по повод Денот на независноста на САД
Честитка од Еленовски до Гејтс по повод Денот на независноста на САД
Собранието донесе три закони од ЕУ агендата
Невреме во Долнени целосно опустоши површини со тутун, бостан и пченка
„Пророкот на поетите“ од Саед Гоуда на македонски јазик, во издание на „Макавеј“
Антикорупциската комисија генерално задоволна од спроведувањето на Државната програма за спречување на корупцијата
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи