
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Владата за време на изборниот процес ги прекинува медиумските кампањи за поддршка на нејзините политики (РПТ)
Скопје, 16 мај (МИА) - Почитувајќи ги принципите на фер и демократска изборна борба, како и сугестиите од јавноста, Владата на Република Македонија во текот на минатата недела даде налог во периодот на изборната кампања да бидат прекинати сите владини кампањи коишто беа поддршка за нејзините политики во различни области - образованието, здравството итн, изјави за МИА портпаролот на Владата Ивица Боцевски.
- Овој налог беше даден до агенциите коишто беа задолжени за изготвување и спроведување на медија-плановите за кампањите на Владата на Република Македонија. Со тоа Владата ќе ги испочитува барањата на јавноста, вели Боцевски.
Тој најави дека доколку се утврдат некакви прекршувања од страна на агенциите ќе следат соодветни санкции предвидени во самите договори.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|