петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

СРД им изрече мерки на неколку телевизии за прекршувања на правилата за известување во текот на изборната кампања

Скопје, 16 мај (МИА) - Советот за радиодифузија (СРД), на денешната седница, им изрече мерки на неколку национални, регионални и локални телевизии за прекршувања на правилата за известување во текот на изборната кампања.

Како што известуваат од СРД, според мониторингот на дел од медиумите, во првите денови од кампањата, се констатирани повеќе прекршувања на Упатството за медиумско претставување за предвремените избори, како и на Законот за радиодифузната дејност.

Најмногу прекршувања на одредбата од Упатството со која на медиумите им се забранува да емитуваат платени огласи и реклами со кои се промовираат резултатите и активностите на органите на власта и на други државни и јавни институции, се констатирани кај Програмата на албански јазик на Македонската телевизија. Истото прекршување е констатирано и од страна на Првата програма на МТВ, како и кај комерцијалните телевизии Телма, Скај Нет и МТМ, за што им е упатено укажување.

Програмата на албански јазик на Јавниот радиодифузен сервис доби укажување и затоа што нејзин новинар активно работи и на вести и како организатор на изборна кампања на политичка партија. МТВ2 доби и опомена за прекршување на законската одредба според која на Јавниот радиодифузен сервис му се забранува да емитува платена политичка програма.

Мониторингот од првите денови на изборната кампања утврди и прекршувања во врска со лимитите за платено политичко рекламирање. На Канал 5, Телма и на ТВ Арт од Тетово им се изречени опомени поради прекршување на законскиот лимит од 12 минути за емитување платено политичко рекламирање на еден час. Телевизиите А1, Канал 5, Телма и Сител ја прекршија и одредбата од Упатството со која на еден учесник во изборната кампања може да му се додели најмногу  осум, од вкупните 12 минути, рекламно време за платена политичка програма во реален час.

Кај дел од медиумите констатирано е појавување на деца во рекламните спотови и извештаите од активностите на организаторите на изборна кампања. Советот укажува дека учеството на малолетници во политичко рекламирање е забрането со закон и апелира до медиумите да одбијат да емитуваат рекламирање во кое се злоупотребуваат малолетници.

Советот за радиодифузија ги мониторира сите електронски медиуми во државата, за време на изборната кампања, е во постојано заседание и секојдневно ќе изрекува соодветни мерки за прекршувањата на Упатствата и Законот за радиодифузната дејност.



Наjновo од Вести
Најмалку едно лице загина во самоубиствен напад во Таџакистан
Премиера на „Црвената магија“ во Струмичкиот театар
„Гардијан“: Притисок на ЕУ врз Белград да почне разговори со косовските власти
Најмалку пет луѓе загинаа во новите шумски пожари што ја зафатија Јужна Русија
Во Делчево почнува манифестацијата „Пијанечко - малешевска свадба“
При напад на ФАРК загинаа 14 полицајци
Јапонија наложи дополнителни санкции против Иран
Претседателот Иванов ќе се сретне со министрите Ставрески, Наумовски, Милошоски и Маневски
Промоција на книгата „Модерен светец“ од авторот Фросина Наумовска
Министерот Ивановски во посета на ОУ„Лазо Трповски“ во општина Карпош
Три лица се убиени кај ТЦ „Три Бисери“ во Скопје
На трите факултети во Велес има слободни места за упис во вториот рок
Охридскиот „Црвен крст“ ќе спроведува едукативна програма за развивање способностите кај младите
Црвенковски во Подгорица се сретна со Ѓукановиќ и Вујановиќ
Презентиран локалниот акциски план за унапредување на положбата на лицата со попреченост во Охрид
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи