петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Предавање за грчкиот поглед кон проблемот со македонското име

Скопје, 16 мај (МИА) - Грчкиот историчар Евангелос Кофос, поранешен советник на  Владата на Грција  за балкански прашања во книгата „Атина - Скопје“ од 2005 година предложил две варијанти за именување на Македонците во Македонија и во Грција без превод на англиски или на друг светски јазик. Тој во статии образложил и ставови за македонските бегалци и последиците што за Грција би ги предизвикало нивното враќање таму.

Професорот по балканска историја од Филозофскиот факултет доц. д-р Далибор Јовановски, чија потесна специјалност е грчката политика кон Македонија од 19 век, денеска на предавање „Грчкиот поглед кон проблемот со македонското име“, рече дека изданието на Кофос не нуди прифатливо решение за нас.

- За нас не е прифатливо да се именуваме само Македонци без името да се преведе на англиски, француски, на шпански, па и на арапски јазик, затоа што во тој случај што останува со терминот мацедонианс. За да се прави разлика, тој нуди жителите на Македонија во склоп на Грција да се нарекуваат македонес, а и тоа име, исто така, да не се преведува на ниту еден светски јазик. Но, тој негов став беше изнесен во 2005 година. Сега односите се малку заострени и може да има и промена во ставот, рече Јовановски.

Кофос, како што посочи Јовановски, во публикацијата имал забелешки и на некои книги објавени во Македонија, особено ја критикувал  Воената историја на Македонија, објавена на англиски јазик, за која напишал дека „тоа што државата стои зад изданието значи нешто“ и дека „тоа што славомакедонците го прават за идентитетот не било непознато на Балканот и се случувало во 19 век“. Во книгата Кофос ги спомнал познатите варијанти за композитно именување на Македонија и оттаму и заклучокот кај многумина овдешни експерти дека Кофос е меѓу  творците на грчката платформа за ова прашање.

Според Јовановски, за да се реши спорот и решението да оди во вистински правец, потребна е длабока анализа и институционална стратегија во која, според него, може да бидат вклучени и странски експерти. Го дели мислењето на академик Милан Ѓурчинов кој вчера изјави дека МАНУ со години нема став за битни актуелни прашања за премрежињата низ кои минува Македонија.

- Тешко е да се каже дека ние до 9 јули, како што рече Шефер, ќе постигнеме некаков договор. Не се преговара само за тоа како би се викала Република Македонија во меѓународна употреба, туку се преговара и за многу други работи. По евентуалното правење компромиси, ќе следи составување комисии, на пример за образование, за историја... Грција има такви искуства за комисии со Бугарија и со Турција. Ние, за жал, немаме такво искуство и ќе треба да се соочиме со тоа, додаде Јовановски.



Наjновo од Вести
Најмалку едно лице загина во самоубиствен напад во Таџакистан
Премиера на „Црвената магија“ во Струмичкиот театар
„Гардијан“: Притисок на ЕУ врз Белград да почне разговори со косовските власти
Најмалку пет луѓе загинаа во новите шумски пожари што ја зафатија Јужна Русија
Во Делчево почнува манифестацијата „Пијанечко - малешевска свадба“
При напад на ФАРК загинаа 14 полицајци
Јапонија наложи дополнителни санкции против Иран
Претседателот Иванов ќе се сретне со министрите Ставрески, Наумовски, Милошоски и Маневски
Промоција на книгата „Модерен светец“ од авторот Фросина Наумовска
Министерот Ивановски во посета на ОУ„Лазо Трповски“ во општина Карпош
Три лица се убиени кај ТЦ „Три Бисери“ во Скопје
На трите факултети во Велес има слободни места за упис во вториот рок
Охридскиот „Црвен крст“ ќе спроведува едукативна програма за развивање способностите кај младите
Црвенковски во Подгорица се сретна со Ѓукановиќ и Вујановиќ
Презентиран локалниот акциски план за унапредување на положбата на лицата со попреченост во Охрид
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи