петок, 08.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Македонија

Македонските матуранти танцуваа „Квадрил“ заедно со своите колеги од Европа (ДПЛ)

Скопје, 16 мај (МИА) - Неколку стотици матуранти денеска точно напладне танцуваа на музика на Штрaус во центарот на Скопје и во неколку други градови во Македонија како дел од манифестацијата „Матурска парада 2008“. Македонските матуранти играа истовремено со своите колеги од Словенија, Унгарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.

Скопските матуранти на плоштадот Пела го играа танцот „Квадрил“ од Штраусовата опера „Љиљакот“. Танцот се игра во  четири етапи: „Панталон“, „Ете“, „Пасторел“ и „Финале“ и трае шест минути и 18 секунди.

Манифестацијата ја отвори Ирена Мишева, претседател на Советот на град Скопје, како покровител на настанот.

- Новите генерации млади луѓе кои со завршувањето на средното образование заокружуваат и дел од својот живот навлегуваат во новите предизвици со младешки ентузијазам и полетност. Организирањето на оваа манифестација е одлична можност македонските матуранти да бидат рамноправно вклучени со своите врсници во еден европски проект кој претставува престижен и културолошки белег на државите во кои се одржува, рече Мишева.

На манифестацијата присуствуваше и евроамбасадорот Ерван Фуере кој на матурантите им честиташе и им посака успех во животот.

- Овој ден е ден на радоста која вие најдобро ја прикажавте преку игра. Но, овде не завршува учењето. Сега влегувате во една друго школо, училиштето на животот. Сигурен сум дека секој од вас на свој начин ќе помогне во градењето на посветла иднина за сите нас и како граѓани на Европа, бидејќи таа ви припаѓа вам, истакна евроамбасадорот Фуере.

Покрај во Скопје се играше и во Битола, Охрид, Струмица и во други градови во земјава. Заради исполнувањето на условот за истовремено играње на сите учесници на оваа манифестација, музиката преку сателит ја преземаше Македонското радио - Радио Скопје од Радио СЛО ВАЛ 202.

„Матурската парада“ во Македонија се одржува вторпат. Минатата година првпат „Квадрил“ го одиграа 592 македонски матуранти.

„Квадрил“ е француски танц стар повеќе од 250 години. Се танцува во четворка т.е. две двојки кои меѓусебе комуницираат при што се менуваат и поклонуваат во редици.

Првата „Матурска парада“ се одржа на 21 мај 2001 година во Љубљана на иницијатива на Томаж Амброж, а во организација на танцовата школа „Уршка“. По големиот успех и искажан интерес кај матурантите од тогаш се зголемува бројот на градови кои се вклучуваат во оваа манифестација која покрај самото танцување и забава претставува поставување Гинисов рекорд во истовремено синхронизирано играње на еден танц. За годинава се предвидуваше на манифестацијата да учествуваат матуранти од над 30 градови.лѓ/са/14:18







###

Македонските матуранти танцуваа „Квадрил“ заедно со своите колеги од Европа (РПТ)

Скопје, 16 мај (МИА) - Неколку стотици матуранти денеска точно напладне танцуваа на музика на Штaрус во центарот на Скопје и во неколку други градови во Македонија како дел од манифестацијата „Матурска парада 2008“. Македонските матуранти играа истовремено со своите колеги од Словенија, Унгарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.

Скопските матуранти на плоштадот Пела го играа танцот „Квадрил“ од Штраусовата опера „Љиљакот“. Танцот се игра во  четири етапи: „Панталон“, „Ете“, „Пасторел“ и „Финале“ и трае шест минути и 18 секунди.

Покрај во Скопје се играше и во Битола, Охрид, Струмица и во други градови во земјава. Заради исполнувањето на условот за истовремено играње на сите учесници на оваа манифестација, музиката преку сателит ја преземаше Македонското радио - Радио Скопје од Радио СЛО ВАЛ 202.

„Матурската парада“ во Македонија се одржува вторпат. Минатата година првпат „Квадрил“ го одиграа 592 македонски матуранти.

„Квадрил“ е француски танц стар повеќе од 250 години. Се танцува во четворка т.е. две двојки кои меѓусебе комуницираат при што се менуваат и поклонуваат во редици.

Првата „Матурска парада“ се одржа на 21 мај 2001 година во Љубљана на иницијатива на Томаж Амброж, а во организација на танцовата школа „Уршка“. По големиот успех и искажан интерес кај матурантите од тогаш се зголемува бројот на градови кои се вклучуваат во оваа манифестација која покрај самото танцување и забава претставува поставување Гинисов рекорд во истовремено синхронизирано играње на еден танц. За годинава се предвидуваше на манифестацијата да учествуваат матуранти од над 30 градови.мд/лѓ/13:24


###

Изложба на слики на македонскиот уметник Роберт Цветковски во САД

Крива Паланка, 16 мај (МИА) - Во рамките на меѓународната културна презентација и афирмација на македонското современо ликовно творештво, од 11 април до средината на мај годинава во престижната галерија „Мени Стрит Галерија“ во Карборо, Северна Каролина, САД, се одржа изложба на слики на познатиот македонски современ академски уметник Роберт Цветковски од Крива Паланка.

На оваа осма по ред самостојна изложба во САД Цветковски се претстави со 22 сликарски дела работени во техниките масло на платно, акрилна техника и неколку дела во комбинирана техника.

- Делата ми се работЕни во текот на периодот од 2007/2008 година. Изложбата со која се претставив пред љубителите на уметноста во САД е насловена „Порака во црвено“ како продолжение на циклусот „Порака“ која тема ја обработувам последниве десеттина години. Во делата доминираше топлиот колорит поврзан со топлината на македонското поднебје, пополнета со инспирациите и престојот на мојата изложба во престрижната „Јун Галерија“ во Пекинг, Кина, која ја реализирав во изминатата година, истакна Цветковски.


Наjновo од Вести
Груевски од Нимиц очекува подобар предлог за името
Прилеп одбележа седум години од масакрот кај Карпалак
Шест загинати и 40 повредени во железничката несреќа во Чешка
На земјите од поранешниот Советски сојуз им се заканува вистинска епидемија на СИДА
Вредноста на криминалната економија во Британија е околу 40 милијарди фунти
Во Цхинвали повеќе нема престрелки, луѓето започнаа да излегуваат од скривниците
Руски воен авион нападна воена база во близина на Тбилиси
Црвенковски помилувал и поранешен пратеник на СДСМ
Ноќ на УНЕСКО на Охридско лето
„Право и правна држава“ ќе собира потписи и ќе организира протест
МВР Билтен
Извршни решенија за нередовните даночни обврзници во Струмица
Бербата на трпезни сорти грозје во Гевгелиско почна со рекордни откупни цени
Затворениците од полуотвореното одделение при КПУ Затвор - Скопје бараат амнестија
Отворен Центарот за односи со потрошувачите на ЕВН Македонија
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи