понеделник, 22.03.2010

  IDIVIDI Мени
Именик
download
Вести / Македонија

Стартуваше кампањата „Излези да гласаш“ предводена од истоимената Коалиција на граѓански организации

Скопје, 16 мај (МИА) - По повод престојните парламентарни избори кои треба да се одржат на 1 јуни, на плоштадот „Македонија“ денеска официјално започна кампањата „Излези да гласаш“ која се одвива во рамките на активностите на истоимената Коалиција на граѓански организации.

- Целта на коалицијата е преку медиумска кампања и директни средби да им се објасни правото на глас на граѓаните и да ги мотивираме да гласаат. Коалицијата ќе се насочи единствено кон едукација за правата на грѓаните во текот на изборниот процес, рече Елена Димчева, член на организацијата. 

Таа додаде дека изборот е целосно индивидуално право на секој граѓанин поединечно, заштитен со бројни домашни и меѓународни акти.

- Со оваа кампања, Коалицијата на граѓани „Излези да гласаш“ се надева дека ќе придонесе за развојот на демократската свест и политичката култура, додаде Димчева. 

Таа најави и емитување на два информативни спота во медиумите, како и нивни активисти брендирани со специјални капи и маици со нивното лого кои ќе делат флаери и ќе лепат плакети низ целата земја.

Формирањето на оваа коалиција е иницирано од повеќе активни граѓански организации во Република Македонија, во која во моментов членуваат околу 100 организации, и истите ја потпишале Декларацијата за пристап во Коалицијата „Излези да гласаш“.


Наjновo од Вести
Авганистанскиот претседател се сретна со претставници на бунтовничка група
Еврото подложено на притисок поради грчката криза
Накит во вредност од 860 илјади евра украден на саем за естетска уметност во Холандија
Обама: САД се способни за големи работи
Анкара најави создавање на турско-бугарски совет за стратегиска соработка на високо ниво
„Кубанските „Дами во бело“ ја завршија еднонеделната протестна кампања
Руската економија повторно почна да слабее
Министерот Бајрами го посети семејството на исчезнатото дете од скопското село Средно Коњари
Демократскиот сојуз одбележа 10 години постоење
ВМРО-ДПМНЕ: Боцевски беше најголем поддржувач на проектот „Скопје 2014“
Во Охрид промовирана Монографија за црквата „Свети Четириесет маченици“
Пожар во атарот на битолското село Ореово, нема материјална штета
Ивановски во Ресенско: Средбите со граѓаните не се подготовка за предвремени парламентарни избори
Груевски: Ситуацијата со водостојот на Охридското Езеро се одвива во позитивна насока
Во Кавадарци изложба на плакати за германската револуција
Љубе Бошкоски очекува да има парламентарни избори најдоцна до септември
Црвенковски ги посети селата Бујковци и Миладиновци во општина Илинден
Optic
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Апел за помош
Почетен курс по астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи