недела, 05.07.2009

  IDIVIDI Мени
download
Вести / Македонија

Политиката и бизнисот заеднички во одбрана на државните интереси, препорака од претседателот и стопанствениците

Скопје, 16 мај (МИА) - Смирување на тензиите, мирна кампања, фер и регуларни избори со преодна оценка од Брисел, конституирање ново собрание и влада во најкраток можен рок, интензивирање и успешно привршување на преговорите околу спорот за името и исполнување на критериумите наложени од Европската комисија, се клучните чекори што Македонија во овој момент треба да ги направи, порача претседателот Бранко Црвенковски на денешната средба со бизнисмените, членки на Сојузот на стопанските комори (ССК).

Тој изрази уверување дека, иако роковите се премногу куси, сето ова, под одредени услови, може да се постигне.

- Тие услови се далеку поголема одговорност од страна на политичките фактори, искрена, а не декларативна политичка волја да се работи за остварување на државните интереси и подготвеност да се преземе ризикот за донесување тешки одлуки, рече Црвенковски.

Според него, изминатиов период беа донесени низа мерки кои придонесоа за подобрување на деловната клима, но, сепак, состојбите во економијата не се менуваат со темпо кое на Македонија и е неопходно. Како позитивни ги посочи воведувањето рамен данок, зајакнатата финансиска дисциплина, отстранувањето на законските и административните пречки, зголемената поддршка за земјоделството и засилената промоција на Македонија како бизнис дестинација. Негативно за Црвенковски, како што рече, се недоволниот раст на БДП, високата невработенст, зголемениот трговски дефицит, недоволното ниво на инвестиции и особено инфлацијата, чие зауздување, смета тој, и е оставено само на монетарната власт. Црвенкоски како критична ја квалификува и состојбата во електро-енергетскиот сектор каде, како што рече, постојат тешки и сериозни проблеми кои ако не се решат многу брзо, ќе доведат до колапс на системот и до драстично поскапување на струјата.

Пaртнерството меѓу државата и бизнис заедницата поставено на принципиелни основи, не е само потреба, туку е и во функција на остварувањето подобри стопански перформанси, заклучи македонскиот претседател.

Осврнувајќи се на претстојните парламентарни избори, Црвенковски констатира дека почетокот на кампањата е разочарувачки.

- Има сериозни инциденти, со насилство и употреба на оружје при што е загрозена не само сопственоста, туку се доведени во прашање и животите на луѓето. Ако ова лудило не запре веднаш, постои сериозен ризик да ги загрозиме нашите евроатлантски интеграции и да се соочиме со внатрешни тензии и дестабилизација, посочи шефот на државата.

Во врска со македонско-грчкиот спор за името, Црвенковски нагласи дека со разочарување и самосожалување нема да ја промениме реалноста.

- Македонија треба да вложи максимални напори и преку сериозни преговори, во што е можно покус рок, да дојде до разумен компромис и фер решение, порача Црвенковски.

Бизнисмените го советуваа претседателот дека Македонија во активностите за НАТО и ЕУ интегрирањето, вклучувајќи го тука и спроот со Грција, треба да го користи менаџерскиот приод.

- Решението е едноставно, да се дефинира проблемот и да се одреди препреката, да се анализираат опциите и да се направи стратегија, напомена Глигоров.

Според Сојузот на стопанските комори, Грција во континуитет покажува дека не сака Македонија воопшто да постои.

- Грчката Влада во многу сегменти се однесува фашизоидно. Последните примери покажуваат дека не и е битно името на Македонија. Суштината е во тоа што не ги прифаќа македонскиот народ и јазик, сака Македонија да биде економски слаба и политички нестабилна со цел постепено да се изгуби од картата на држави, потенцира Глигоров.

Со оглед дека Грција го издигна проблемот на меѓународно ниво, Македонија во разрешувањето на спорот треба да вклучи и други земји, смета ССК, сугерирајќи, пред се, на САД.

- Владата, Претседателот и стопанствениците треба да покренат широка активност за информирање на европарламентарците, дипломатско-конзуларните претставништва и светските угледни медиуми со клучни факти околу спорот со името, предлага ССК.

Бизнисмените се пожалија од функционирањето на судскиот систем и побараа од Црвенковски во неговиот Кабинет да се формира тим што ќе работи на промоција на македонската економија надвор. Тие, исто така, побараа и поддршка од претседателот за вклучување нивен претставник во Советот на Народната банка на Република Македонија.


Наjновo од Вести
С. Кореја истрела пет ракети најверојатно со мал дострел
Воената хунта не дозволува средба на Бан Ки Мун со Сан Су Ќи
„Свинскиот грип сега е незапирлив“
Јадранка Косор доби мандат за премиер на Хрватска
Им плаќаат на емигрантите да си одат дома
Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Демир Хисар
Актерот Жарко Лаушевиќ уапсен во САД
ВМРО-ДПМНЕ: НСДП и СДСМ да одговорат кои се спонзорите на сценариото за дестабилизација на Македонија
Поради поплавите прекината жетвата и бербата на зеленчук во Струмичко
Зголемен интересот на струмичани за летување во Грција
Антикорупциска проверува дали Маневски земал и плата и пензија
Оставката на Боцевски нема да промени ништо
Фестивалот на францускиот филм ќе биде затворен во Центарот за култура „Григор Прличев“
Андов негира дека е вмешан во аферата „Пензии“
Забрана за вршење професија за осудените за изборни дела, предвидуваат новите измени на Кривичниот законик
Потпишан Проект за придонес за намалување на климатските промени на национално ниво
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи