недела, 05.07.2009

  IDIVIDI Мени
download
Вести / Македонија

РЗЗЗ ќе го утврдува нивото на радонот во Република Македонија

Скопје, 16 мај (МИА) - Републичкиот завод за здравствена заштита (РЗЗЗ) првпат ќе го утврдува нивото на радонот во Република Македонија. Предвидено е со мерењата да биде опфатена целата држава и ова испитување ќе претставува основа за утврдување на најниската безбедносна граница на присуство на овој елемент. 

Долготрајната изложеност на високи концентрации на радон се поврзува со зголемен ризик од појава на карцином на белите дробови. Радонот е радиоактивен гас кој се ослободува во атмосферата од карпите кои се извор на ураниум. 

Во рамки на Националниот проект меѓу Меѓународната Агенција за атомска енергија и РЗЗЗ „Мониторинг на радиоактивноста во животната средина, национално истражување на радонот“ до 30 јуни се очекува да се добие опремата за активно и пасивно мерење на радон односно неговата активност во воздухот, почвата, водата, брзина на еманација од површина на радон од почва или градежни материјали итн.

- Ваквиот мониторинг ќе ни овозможи и хармонизација на нашата легислатива во однос на европската. Со прифаќање на нивните нормативи ќе имаме слика за мапирање на цела Република Македонија. Досега државата беше црна точка во Европа во однос на дистрибуцијата на радонот. Со овој проект набавена е опремата и наша екипа во Германија ги заврши подготовките за пасивно и активно мерење. Опремата ќе стигне до крајот на месецот, рече на денешната прес-конференција Владимир Кендровски, раководител на Секторот за хигиена и заштита на човековата околина.

За релативно брзо време од една година, посочи Кендровски,  ќе добиеме информации за дистрибуцијата на радонот во Република Македонија.

Радонот е алфа емитер и претставува доминантен природен извор на радиоактивно зрачење на земјата. Нивото на таквата радијација може да биде многу високо ако објектите се изградени на такво земјиште или од таков радиоактивен материјал со оглед на тоа дека дрвото, циглата и бетонот, а најмногу гранитот содржат значајни количини радон. Водата и природниот гас се значајни извори на радон и употребата на гасот во недоволно вентилирани станови го носи и ризикот на експозиција на овој опасен гас.

РЗЗЗ информира дека ги зголемил капацитетите во неговите лаборатории за воведување на мониторинг на флуор во млеко. Во Република Македонија е донесена „Стратегија за превенција на орални заболувања кај деца до 14 години за периодот 2008-1018 година“ во која се предвидени специфични мерки и активности кои вклучуваат и флуоридирање на млекото.

Во рамки на подготовките за имплементирање на стратегијата, тим на РЗЗЗ успешно ја заврши обуката за испитување на флуорот во млеко и уринарната екскреција на флуорот која се одржа на Универзитетот за исхрана и прехранбена технологија во Сантијаго, Чиле. Мониторинг на дневната изложеност на флуор на дадена популација, со директно мерење на количината на флуор во храна, пијалаци и слично е тешко да се изведе. Поради тоа определувањето на количината на флуор е препорачана метода од Светската здравствена организација.

Околу 95 отсто од вкупниот флуор во организмот на човекот се наоѓа во коските и забите. Дневната побарувачка за одржување на денталното здравје е само неколку милиграми дневно и поради тоа тој е многу важен за превенција на забниот кариес.


Наjновo од Вести
С. Кореја истрела пет ракети најверојатно со мал дострел
Воената хунта не дозволува средба на Бан Ки Мун со Сан Су Ќи
„Свинскиот грип сега е незапирлив“
Јадранка Косор доби мандат за премиер на Хрватска
Им плаќаат на емигрантите да си одат дома
Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Демир Хисар
Актерот Жарко Лаушевиќ уапсен во САД
ВМРО-ДПМНЕ: НСДП и СДСМ да одговорат кои се спонзорите на сценариото за дестабилизација на Македонија
Поради поплавите прекината жетвата и бербата на зеленчук во Струмичко
Зголемен интересот на струмичани за летување во Грција
Антикорупциска проверува дали Маневски земал и плата и пензија
Оставката на Боцевски нема да промени ништо
Фестивалот на францускиот филм ќе биде затворен во Центарот за култура „Григор Прличев“
Андов негира дека е вмешан во аферата „Пензии“
Забрана за вршење професија за осудените за изборни дела, предвидуваат новите измени на Кривичниот законик
Потпишан Проект за придонес за намалување на климатските промени на национално ниво
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи