петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Од 120 пратеници анкетен лист за престанок на функцијата доставиле 91 пратеник

Скопје, 16 мај (МИА) - Од 120-те пратеници досега до Државната комисија за спречување на корупцијата анкетен лист за престанок на функцијата доставиле 91 пратеник, информира денеска на прес-конференција претседателката на Комисијата Мирјана Димовска.

Од оние кои доставиле анкетен лист, 67 се наоѓаат на кандидатските листи за идни пратеници во македонското Собрание. На листите се и 20 од останатите 29 пратеника кои не доставиле анкетен лист.

Димовска информираше дека во 2006 година прекршочни постапки по основ на недавање на анкетен лист за престанок на функцијата се поведени против 10 пратеника и по поведувањето на постапката девет од нив го доставиле анкетниот лист.

Антикорупциската комисија, како што информираше Димовска, разгледала 36 конкретни случаи на располагање со државните добра, вработувањата и јавните набавки во време на избори.

Во врска со написите во некои медиуми дека Владата има усвоено акционен план кој предвидува вработување на 5.000 лица во државната администрација, Димовска рече дека е побарано од Владата комплетна информација околу овие вработувања. По добиениот одговор, како што рече Димовска, се чека одговор дали рокот на реализација на оваа задача е токму во овој период.



Наjновo од Вести
Најмалку едно лице загина во самоубиствен напад во Таџакистан
Премиера на „Црвената магија“ во Струмичкиот театар
„Гардијан“: Притисок на ЕУ врз Белград да почне разговори со косовските власти
Најмалку пет луѓе загинаа во новите шумски пожари што ја зафатија Јужна Русија
Во Делчево почнува манифестацијата „Пијанечко - малешевска свадба“
При напад на ФАРК загинаа 14 полицајци
Јапонија наложи дополнителни санкции против Иран
Претседателот Иванов ќе се сретне со министрите Ставрески, Наумовски, Милошоски и Маневски
Промоција на книгата „Модерен светец“ од авторот Фросина Наумовска
Министерот Ивановски во посета на ОУ„Лазо Трповски“ во општина Карпош
Три лица се убиени кај ТЦ „Три Бисери“ во Скопје
На трите факултети во Велес има слободни места за упис во вториот рок
Охридскиот „Црвен крст“ ќе спроведува едукативна програма за развивање способностите кај младите
Црвенковски во Подгорица се сретна со Ѓукановиќ и Вујановиќ
Презентиран локалниот акциски план за унапредување на положбата на лицата со попреченост во Охрид
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи