четврток, 03.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Вести / Македонија

Црвенковски не ги потпишува решенијата за именување амбасадори во Индија и Израел

Скопје, 3 јули (МИА) - Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска преку соопштение изразува изненаденост од одлуката на претседателот Бранко Црвенковски да не ја одобри постапката за акредитирање на Петар Јовановски и Пајо Авировиќ за вонредни и ополномоштени амбасадори во Индија, односно Израел, предлози кои Владата едногласно ги прифатила, заради тоа што кога предлозите му биле соопштени тој немал никакви забелешки.

- МНР чувствува потреба да ја информира јавноста, а воедно и да го потсети господинот Црвенковски дека уште пред објавувањето на предлозите за поставување амбасадори во Њу Делхи и Тел Авив, министерот Милошоски лично го информираше Претседателот, при што од страна на шефот на државата не беа изнесени никакви забелешки за именувањето на двајцата професионални дипломати за амбасадори. Затоа, не можеме да ја разбереме ваквата реакција, посебно што е противречна на заложбите за професионална дипломатија. Амбасадорите Петар Јовановски и Пајо Авировиќ доаѓаат од редот на професионалните дипломати на МНР со долгогодишно искуство кое е од исклучителна важност во моментите кога Македонија ја проширува својата дипломатска мрежа во Индија и Израел, се вели во денешното соопштение од МНР.

Министерството за надворешни се надева дека Претседателот на Република Македонија „ќе го исправи ваквиот пропуст и ќе стави потпис на указите за акредитирање на професиналните дипломати за Амбасадори на Република Македонија во Индија и Израел, ставајќи ги во прв план државните интереси“.


Наjновo од Вести
Црвенковски не ги потпишува решенијата за именување амбасадори во Индија и Израел
Планинарски марш „По врвиците на партизанскиот одред Даме Груев“
Собраниска расправа за измените на Законот за градење
Студентите практикуваа тргување со хартии од вредност, за најуспешниот награда
Претседателот на Чешка Вацлав Клаус се надева Сенатот или Уставниот суд да го блокираат ратификувањето на Лисабонскиот договор
„Дејли телеграф“: Убиецот со булдожер од Ерусалим бил растроен поради разделбата со една еврејка
Кривична пријави за две лица од Липково за криумчарење месо
Делегација на Советoт за танц на Македонија учествува на 22. Светски конгрес на ЦИД УНЕСКО во Атина
Проштална средба на министерот Милошоски со амбасадорот на Албанија Владимир Прела
Конференција: Македонија и регионот ќе имаат вода уште најмалку 30 години, мора да се чува Охридското езеро
Претставници на „Лакталис“ во посета на „Идеал Шипка“ во Битола
ЕВН Македонија ќе исклучи 15 јавни комунални претпријатија и повеќе села од липковскиот, скопскиот и велешкиот регион
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи