вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Собраниска расправа за измените на Законот за градење

Скопје, 3 јули (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска во рамки на третата седница ја почна расправата по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за градење.

Во текот на амандманската расправа од предлагачот на законот досега беа прифатени седум од повеќето амандмани поднесени од пратеници од коалицијата Сонце, меѓу кои и за времетраењето на лиценцата за работа од предложените пет на седум години со можност за нејзино продолжување за уште седум години.  

Роза Топузова Каревска од ЛДП на почетокот изрази задоволство што во законот се вклучени дел од нивните забелешки на првичниот текст кој беше првпат поднесен во собраниска процедура во јули 2007 година. Таа упати најмногу забалешки што со измените и се одземаат ингеренциите на Комората на овластени архитекти да издава лиценци, како и за висината на лиценците и нивното траење за архитекти и за надзорен инженер, како и за можноста средствата по тој основ да се слеваат во Комората, а не во Буџетот на РМ.

Што се однесува до амандманот за Комората на овластени архитекти, заменик министерот за транспорт и врски Скендер Палоши, истакна декаа таа не функционира па се создаде застој во издавањето документи. Според Министерството, комората е таа која ќе ги дава сите овластувања, а ќе го преземе и издавањето на лиценци откако ќе почне и формално да функционира, рече Палоши.

Против можноста за поставување времени објекти, се изјасни  Јани Макрадули од СДСМ. Според него, како еден од предлагачите на амандманот кој не помина, поставувањето времени објекти претставува добра почва за појава на корупција и воедно ќе ја нагрдат урбанистичката слика на градовите во државата. 

Расправа предизвика и членот со кој се предвидува за регистрирање поектантска фирма таа да има само едно вработено лице. Според Макрадули, несериозно е да се очекува работа за изградба на големи објекти да се додели на човек - фирма, тоа ќе придонесе за појавување голем број проектантски фирми, а ќе ја намали и нивната конкурентност во услови кога на македонскиот пазар ќе можат да влезат и странски проектантски фирми. Топузова - Каревска, пак, рече дека и ЛДП не се согласува со решението бидејќи тие барале намалување на потребниот број вработени, но од предвидените седум на пет за регистрирање на проектантската фирма.

На предлог на Владата, законот треба да се донесе по итна постапка. Како што се наведува во образложението на измените, Владата на Република Македонија во јули 2007 година предложи изменување и дополнување на Законот за градење поради актуелните состојби во областа на градењето на објектите. Заради одредени нерегулирани односно, непрецизно регулирани односи меѓу самите учесници и другите субјекти во градењето, огромен број на објекти беа градени без законски спроведена постапка за издавање на потребна документација за градење со што голем број на граѓани беа оштетени од страна на инвеститорите.

Измените и дополнувања на законот се и поради негово усогласување со Законот за прекршоци што требаше како обврска да се изврши во 2007 година.


Наjновo од Вести
Најава за прекин на штрајкот во Гостиварско
Разгледани уште 29 амандмани од поднесените по Предлог - буџетот за 2009 година
Екстремистичка група одговорна за напад во централата на Партијата за правда и развој во Истанбул
Просветните работници да продолжат со наставата
Шврговски: Тврдења на сведокот за атентатот на Глигоров се невистинити
Во Гостивар на автобуската станица нападнти двајца полицајци
Здружението на блогери реагира на некои медиумски заклучоци дека презентираат неточна слика за одредени појави
Министерката Јанкулоска го означи почетокот на „Неделата на борба против трговија со луѓе“
Кривични пријави за четири лица за сторени 18 кривични дела „измама“
Во Гостивар започна поднесувањето барања за кредит за самовработување
Универзитетската библиотека во Битола со повеќе манифестации ќе го одбележи Свети Климент Охридски
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи