вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Студентите практикуваа тргување со хартии од вредност, за најуспешниот награда

Скопје, 3 јули (МИА) - Над 1.000 студенти од Македонија од октомври минатата до мај оваа година учествуваа во проектот „Студентска берза“ во рамки на кој тргуваа виртуелно со хартии од вредност, а на најуспешниот Стеван Кењереш денеска му беше врачена награда.

Проектот, што го организира Македонската берза на хартии од вредност, според евроабмасадорот Ерван Фуере, претставува спој на стекнатото образование на студентите со практиката и можност да го применат она што го научиле.

- Овој проект овозможува спој на теоретското знаење и практичната работа со што придонесува кон образованието на младите кадри и нивното подготвување за предизвиците што ги носи пазарното стопанство, рече Фуере, додавајќи дека развојот на сигурни пазари и услуги за инвестирање е важен предуслов за привлекување странски, но и на домашни инвеститори во сите области на економијата.

Тој порача дека треба да постои регулаторна рамка за да се овозможи економијата да биде посигурна и поотворена и изрази надеж дека новата влада ќе се фокусира на интензивирање на реформите за да ја зајакне економската состојба во земјата, за да се отворат вратите за странски инвестиции и да се намали невработеноста.

За главниот извршен директор Иван Штериев, успешните резултати од проектот се поттик да продолжат да работат и други проекти со кои теоријата се претвора во пакса, а студентите се развиват од ученици во професионалци.

Тој истакна дека на Берзата во Македонија и на берзите во регионот постои голем простор за дополнителен раст и оти случувањата на берзата, како што беше порастот на цените па пад не мора ништо да значи. Според него, важно е да се гледаат на среден рок перформансите на компаниите и нивните развојни перспективи, а сето друго се перцепциите на инвеститорите и од тоа произлегува колку цените на берзите ќе бидат блиску или далеку од теоретска вредност на акциите. 

Според Михаил Петковски, професор на Економскиот факултет, не е јасно со каква динамика и брзина пазарот ќе заздравува и оти еден од факторите за тоа се инвестициските фондови бидејќи, како што рече, не можат да дозволат натамошен пад на средствата, односно хартиите од вредност во својата актива.  

На Берзата од наредната учебна година ќе стартува новиот четврти циклус на Студентската берза.


Наjновo од Вести
Фаусто Покар се надева дека Србија набрзо ќе го уапси Младиќ
Рим и Тирана потпишаа енергетски договори во вредност од 2,5 милијарди евра (ДПЛ)
Во Дебар поделеност околу продолжување или не на штрајкот на просветните работници
Пратеничката група на СДСМ бара измени на новиот Деловник за работа на Собранието
ДПМ распиша конкурс за најдобри остварувања во поезијата, прозата, критиката и литературата за деца
ССМ со забелешки на предложените измени на Законот за работни односи
Етиопија од извоз на цвеќе ќе заработи 150 милиони долари
Извештајот на Европската комисија пред собраниската Комисија за култура
ВМРО - ДПМНЕ: На локалните избори ќе понудиме прецизни програми со конкретни проекти
Јавна расправа за Нацрт-амандманот 31 од Уставот во делот за избор на претседател на државата
Утврдена предлог - одлуката за именување претседател, потпретседател и членови на ДИК
РЕК Осломеј го реализира планот за 2008 година
Промовиран Локалниот акционен план за прашањето хендикеп за Општина Велес
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи