
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Кривична пријави за две лица од Липково за криумчарење месо
Куманово, 3 јули (МИА) - Секторот за внатрешни работи Куманово ќе поднесе кривична пријави против двајца жители на општина Липково за криумчарење замрзнато месо.
Четириесет и шестгодишниот Ибраими А. и 25-годишниот Асипи Е., вчера околу 22:30 се обиделе да шверцуваат над три тони замрзнато месо. Случајот е откриен при рутинска контрола на локалниот пат Озризаре - Слупчане кај бензинската станица Алија Петрол.
- По преземените мерки утврдено е дека 46-годишниот жител на Слупчане набавил 3.175.95 килограми говедско месо при што се договорил примопредавањето на товарот да се изврши на граничниот појас помеѓу Косово и Македонија во реонот на село Белановце, изјави портпаролот на СВР Куманово, Зоран Велковски.
Камионот го забележала полициска патрола која побарала да застанат, но возачот 25 годишниот Асипи Е. продолжил со возењето. Тој требало да го преземе месото за сума од 100 евра.
При преглед на возилото пронајдени се 150 картонски кутии со по 11 и 29 килогами. Месото потекнува од фирмата „Викторија“ од Мелбурн и имал печат од Ветеринарната инспекција од Австралија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|