
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Делегација на Советoт за танц на Македонија учествува на 22. Светски конгрес на ЦИД УНЕСКО во Атина
Скопје, 3 јули (МИА) - Делегација на новооформениот Совет за танц на Македонија од 2 до 6 јули во Атина ќе учествува на 22. Светски конгрес на ЦИД УНЕСКО.
Во делагацијата се претседателот на скопската канцеларија за танц при ЦИД УНЕСКО Рисима Рисимкин, генералниот секретар Ванчо Богоев и Емилија Џипунова, балетски критичар.
На конгресот ќе биде претставен единствениот интернационален фестивал за танц во Македонија „Танц Фест“, а воедно ќе биде промовиран и претстојниот конгрес за современ танц што теба да се одржи во Скопје во ноември годинава.
Интернационалниот совет за танц (ЦИД) е невладина организација која ги застапува сите видови на танц и се бори за нивен развој. Во ЦИД УНЕСКО членуваат 140 земји, меѓу кои и Македонија, а од 2005 до 2009 година Рисима Рисимкин е член на Управниот одбор.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|