
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Проштална средба на министерот Милошоски со амбасадорот на Албанија Владимир Прела
Скопје, 3 јули (МИА) - Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска имаше проштална средба со амбасадорот на Албанија во Македонија, Владимир Прела.
На средбата, како што соопшти македонското МНР, било изразено заемното задоволство од позитивниот развој на севкупните односи меѓу двете земји и била истакната потребата од изнаоѓање на нови можности за нивно натамошно унапредување во сферите од заеднички интерес.
Упатувајќи честитки за успешното довршување на дипломатската мисија во Македонија, министерот Милошоски го поздравил придонесот на амбасадорот Прела за продлабочување на билатералните односи, изразувајќи увереност дека ќе продолжат започнатите активности за интензивирање на соработката.
Милошоски изразил надеж дека високото ниво на пријателските односи меѓу Македонија и Албанија ќе претставуваат поттик за реализирање и на регионалните активности, со цел остварување на заложбите за стабилен и просперитетен регион.
Изразувајќи благодарност за успешната соработка со македонските институции, амбасадорот Прела потенцирал дека со задоволство ќе понесе позитивни впечатоци од неговата долгогодишна дипломатска мисија во Република Македонија.
Албанскиот амбасадор изразил очекување дека досегашниот остварен политички дијалог и високото ниво на пријателски односи и соработка и понатаму ќе се развиваат во нагорна линија, се вели во соопштението од МНР.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|