
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Претставници на „Лакталис“ во посета на „Идеал Шипка“ во Битола
Битола, 3 јули (МИА) - По повод завршувањето на интеграцијата на млекарницата „Идеал Шипка“ во состав на млечната индустрија „Дукат“ од Хрватска, денеска во Битола престојуваа претставници на групацијата „Лакталис“.
- „Лакталис“ е прва млечна индустрија во светот по големина и сила. Светски лидер во производството на сирење, со 8,8 милијарди литри откупено млеко на годишно ниво и со вкупен приход од 9,6 милјарди евра, истакна на денешната прес-конференција во Битола Патрис Филош, директор за откуп, производство и инвестиции во групацијата „Лакталис“ во чиј состав е „Дукат“.
„Идеал Шипка“ стана составен дел на „Лакталис“ по ланската купопродажба од хрватски „Дукат“.
- Нашата намера е во Битола да се произведуваат врвните сирења од марката „Президент“, а како бренд познат насекаде во регионот наскоро ќе го организираме хуманитарниот проект „Млечен пат на добрината“, рече, меѓу другото на средбата со новинарите Мато Задро, претседател на на управата на „Дукат“.
„Идеал Шипка“ во наредниот период очекува забрзан развој и нови вработувања.
- Во следните три години ќе бидат вложени шест милиони евра. Зголемувањето на производствените капацитети, воведувањето на нови производствени линии и нови технологии, импелемтирањето на ХАЦЦП стандардите за производство, како и добивањето ЕУ извознички број, се приоритетите на „Идеал Шипка“, потврди Димитар Павлевски, директор на производство во оваа битолска млекарница.
Млекарницата „Идеал Шипка“ денес е лидер во прозиводството на традиционалните македонски сирења, кашкавал и бело сирење со 25 проценти удел на пазарот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|