
|
 |
Вести / Македонија
Атина одбива разговори за имотите и правата на Егејците
Атина, 3 јули (МИА) - Атина ги отфрла тврдењата на Скопје дека грчката страна се обидува да го прошири дневниот ред на преговорите за името, како и барањето да се разговара и за враќање на имотите на Македонците протерани од Грција за време на граѓанската војна, пишува денеска весникот „Катимерини“, повикувајќи се извори во грчката Влада.
Весникот ја пренесува вчерашната изјава на шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски дека Атина на секоја нова средба поставува нови барања и оти ако се оди според тој принцип би било добро заедно со името да се реши и прашањето со имотите на Егејците и правото тие покрај македонско да добијат и грчко државјанство.
Грчките официјални претставници на кои се повикува „Катимерини“, тврдат дека рамките на преговорите што се водат со посредство на Метју Нимиц се јасно определени и се однесуваат само на изнаоѓање заемно прифатливо решение за името, а двете страни не можат самоиницијативно да поставуваат дополнителни прашања.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|