четврток, 28.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Македонија

Во Општина Чашка формиран Локален совет за превенција

Велес, 3 јули (МИА) - Во општината Чашка денеска е формиран Локален Совет чија цел е да превенира одредени прашања и проблеми специфични за оваа општина.

Сфери во кои превентивно ќе делува советот, меѓудругите, се безбедноста и контролата на учесниците во сообраќајот, предлагање мерки за спречување на уништувањето  на патната мрежа од страна на товарните моторни возила, спречување на уништувањето на комуналната инфраструктура, спречување на противзаконското  сечење на шумите и нелегалната експлоатација на минерали,  суровини, како и деградирањето на земјиштето.

Локалниот  совет за превенција го сочинуваат 23 членови, а освен градоначалникот Стојан Маневски кој го иницира неговото формирање, во  него членуваат и претседателот и неколку членови на Советот на Општината, јавниот обвинител при ОЈО од Велес, претставник на СВР Велес, директори на јавни претпријатија, институции...

Локалниот совет за превенција е формиран врз основа  на одредбите од Законот за локална самоуправа  и Законот за полиција, а во соработка со МВР, Јавното Обвинителство и ОБСЕ.


Наjновo од Вести
Школски авион се урнал во близина на Охрид
Првични резултати за пријавени кандидати на државните универзитети во првиот уписен рок
Во Прилеп ќе се одржи манифестацијата „Летен културен бран“
Прилеп ја почнува кампањата за собирање и рециклирање пластична амбалажа
Груевски: Изградбата на северната трибина на Градскиот стадион според планираното
Уапсени двајца прилепчани осомничени за тешки кражби во Скопје
Нафтата поскапе поради заканата од ураганот Густав во Мексиканскиот залив
Груевски: Во законот за енергетика се вградени сите забелешки од Брисел
В петок прелиминарните резулати од екстерните предмети на државната матура
Концерт на камерниот гудачки квартет од Македонската филхармонија во Прилеп
Шести фестивал на пивото во Прилеп
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи