
|
 |
Вести / Македонија
Слаб одзив на првиот уписен рок во средните училишта во Охрид
Охрид, 3 јули (МИА) - Првиот уписен рок за прием на ученици во средношколските образовни центри во Охрид заврши со неочекувано слаб интерес, независно од фактот што од следната учебна година стапува на сила Законот за задолжително средно образование.
Изненадувачки е податокот што најмал интерес основците покажаа за оние струки на кои најмногу инсистираа локалните образовни власти, како што се дополнителните паралелки за медицинска и новоотворената дрвопреработувачка струка, што требаше да ја заживее згаснатата охридска резбарска школа.
За таа струка за која во ЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ имаше 34 слободни места, а во двата приеми од првиот уписен рок не се пријави ниту еден основец.
Проблем со недостиг на кандидати има и во средното угостителско-туристичко училиште, „Ванчо Питошески“, и тоа за струката келнери, која, исто така, се смета за дефицитарна за овој регион.
За вториот уписен рок во трите средношколски установи во Охрид остануваат слободни 447 места, од кои во средното училиште „Свети Климент Охридски“ 47 за гимназиската, осум за економската и 13 за здравствената струка.
Во ЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ има 133 слободни места за електротехничката, 136 за машинската, 37 за сообраќајната и сите 34 за дрвопреработувачката струка.
Во средното угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“ останаа слободни 25 места за струката готвачи, 42 за келнери и 6 за хотелско-угостителски техничари.
За учебната 2008/2009 година во трите средношколски установи имаше слободни 1.414 места.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|