
|
 |
Вести / Македонија
Запленети над три тона шверцувано говедско месо
Скопје, 3 јули (МИА) - При рутинска контрола на полицијата вчера околу 22 часот на локалниот пат Озризаре - Слупчане кај бензинската станица Алија Петрол е откриен камион со над три тони шверцувано замрзнато месо, со сомнително потекло, без било какви документи и дозволи за увоз, најверојатно внесено преку диви премини од Косово.
При преглед на возилото пронајдени биле 150 картонски кутии со по 11 и 29 килогами месо. Уапсени се возачите на камионот Енес Асипи и Абдуљ Ибрахими, македонски државјани, кои треба да одговорат кој е нарачател на транспортот и каде требало да заврши шверцуваното месо.
- Како редовна процедура, ваквиот тип на пратки, бидејќи се со непознато потекло, веднаш се уништуваат. Поради одредени процедури на уништување, пратката ќе биде уништена утре на депонијата Дрисла, изјави Дејан Рунтевски директор на ветеринарната управа.
Оттаму тврдат дека во државава нема шверцувано месо, бидејќи нивните инспектори се постојано на терен, односно дека во македонските месарници месото е проверено.
- Сето она што се продава во регистрираните објекти е проверено и таму не би требало да има никаков проблем. Нормално, совет е да не се купува од улица, да не се купува од места коишто не се овластени за тој вид на продажба, рече Рунтевски.
Во полициската станица во Куманово се уште се врши распит на приведените и за нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|