вторник, 07.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Вести / Македонија

Три институции добија признанија за добро управување

Скопје, 3 јули (МИА) - Во рамки на проектот „Проценка на потенцијалот за добро управување во Македонија“ на Фондација институт отворено општество Македонија (ФИООМ), денеска им беа доделени признанија за добро управување на три институции, соопшти Царинската управа.

Од пријавените 26 институции, признанија добија Царинската управа на Република Македонија во категоријата органи на државната управа, општината Велес во категоријата единици на локална самоуправа и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) во категоријата останати органи на државната управа односно организации на централно ниво.

Критериуми за избор на конкурсот беше оценката на степенот на професионалност, ефикасност, стручност и обука на администрацијата, вработување на администрацијата, владеење на правото, транспарентност, отчетност, јавни набавки, финансиски менаџмент и контрола. Оценката за исполнување на критериумите ја вршеше петчлена Комисија врз основа на пополнети прашалници од страна на институциите пријавени на конкурсот, како и според евалуација на дополнителни критериуми.

Институциите кои добија признанија за добро управување, доставија и предлог - проекти до ФИООМ поврзани со доброто управување, при што беа одобрени проектот за воведување електронско учење поднесен од Царинската управа, проектот за промоција на корпоративна општествена одговорност за подобрување на околината преку партиципативно учество на заедницата поднесен од општина Велес и проектот за зајакнување на капацитетите на човечките ресурси поднесен од МАПАС.

По доделувањето на признанијата, беа изнесени и заклучоци со насоки кон кои треба да се стремат институциите во државата со цел подобрување и постигнување на што поголеми резултати на полето на доброто управување. Беше истакнато дека се потребни зајакнување на интерната и комуникацијата на институциите со надворешни субјекти, поголеми внатрешни процедури за заштита од судир на интереси, можност за добивање повратна информација од корисниците на услугите од институцијата, како и зајакнување на системот за собирање податоци за имотната состојба на вработените во институциите.


Наjновo од Вести
Струмичкото стопанство за девет месеци оствари извоз од околу 50 милиони евра
Дирекцијата за храна изврши контроли во 32 објектa низ Скопје
Јанез Јанша сака да го тужи финскиот новинар
Во Куманово почна судскиот процес против Халили обвинет за убиство на командирот на Полициската станица во Матејче
Франција: Обвинителот бара Вилпен да биде вратен пред судот
Можен кредит од ЕБОР за четири земји од Западен Балкан
Русија лансира сателит за изучување на молњи
Владина делегација на крајот на октомври ќе разговара во Бугарија за можностите за вклучување во проектот „Белене“
ДПА не се согласува Македонија да гласа воздржано за иницијативата на Србија во ОН
Собранието ги избра Наташа Габер - Дамјановска и Гзиме Старова за уставни судии
Црвенковски за името и за посетата на Брисел
Жителите од кривопаланечкото село Голема Црцорија бараат граничен премин кон Србија
Кривична пријава за тројца скопјани осомничени за производство и пуштање во промет на марихуана
Стартува кампања за превенција од дрога под наслов „Престани пред да почнеш“
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи