
|
 |
Вести / Македонија
Тепачка на плажата на комплексот во Свети Наум во Охрид
Охрид, 3 јули (МИА) - Неколку полесно повредени и неколку приведени лица е епилогот од тепачката што денеска околу пладне се случи на плажата во комплексот Свети Наум во Охрид.
По првична вербална расправија што ја иницирале В.Ѓ., роден 1974 година во Битола и Н.К. роден 1981 година во Охрид, дошло до тепачка во која се вклучиле повеќе лица. Во физичката пресметка биле употребени камења и шишиња, како и секира што битолчанецот В.Ѓ. ја извадил од шаторот.
Благодарение на навремената интервенција на полициските службеници од Полициското одделение Пештани при СВР Охрид спречен е поголем инцидент.
Во тек се информативни разговори во СВР Охрид со лица вмешани во инцидентот, како и со очевидци, со цел расветлување на случајот и утврдување на виновниците, а најавени се и кривични и прекршочни пријави против учесниците во тепачката.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|