недела, 12.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Македонија

Реакција на Кабинетот на претседателот на државата на тврдењата од МНР за назначувањата амбасадори во Индија и Израел

3 јули

Во врска со неточностите наведени во соопштението на Министерството за надворешни работи во кое се тврди дека Претседателот на Република Македонија одбива да ги потпише решенијата за именување на амбасадори во Индија и во Израел, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски информира:

- Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, вчера, на 2 јули 2008 година, по повод предлозите на Владата на Република Македонија за поставување амбасадори, го извести Кабинетот на Министерот за надворешни работи  за следново:

Со предлозите од Владата на Република Македонија за поставување на Петар Јовановски за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Индија и на Пајо Авировиќ за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Израел, е прекршена постапката од Законот за надворешни работи за именување амбасадори.

Имено, член 37 од законот, јасно укажува дека "врз основа на претходна усогласеност меѓу Претседателот и Министерот за кандидат за амбасадор, постапката за именување на амбасадор на Република Македонија ја поведува Министерот, кој до Владата доставува предлог за именување амбасадор.

Во конкретниов случај, од страна на Владата е донесена одлука за именување амбасадори, без претходно да е испочитувана и спроведена законската процедура во делот на утврдување кандидати со усогласување на ставовите помеѓу Претседателот на државата и  Министерот за надворешни работи.

Кабинет на Претседателот на Република Македонија

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговарна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


Наjновo од Вести
Коњановски во посета на македонските мировници во Ирак
67 години од почетокот на антифашистичкото востание и НОВ
Се надеваме дека Скопје ќе ја напушти непопустливоста
Авганистан ќе дозволи напад на фабриките со опиум
Балканот ризикува од нова војна
Србија да беше на местото на Македонија многу порано ќе преземеше ваков чекор
Во Свети Николе почна академската година на Меѓународниот славјански институт филијала во Македонија
Албанија ја поздрави одлуката на Македонија и на Црна Гора за признавање на Косово
Сопрен сигналот на Радио Кочани поради долг кон ЕВН
Почина работникот што падна од скеле во Велес (КРГ)
Во Косово приведени две лица во врска со инцидентот со отстранувањето на граничниот камен
Министерката Јанкулоска го отвори првиот состанок на Управниот комитет за проектот за реформи во полицијата реализиран преку ИПА на ЕУ
Во Кочани голем интерес за вакцината против ХПВ
Македонија одбележува 67 години од почетокот на антифашистичкото востание и НОВ
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи