
|
 |
Вести / Македонија
Судењето на Смиленски презакажано за понеделник
Штип, 3 јули (МИА) - Повтореното судење на Методија Смиленски за случајот со фирмата „Картонтекс“ од Свети Николе што требаше да се одржи денеска е одложено зашто немало специјално возило за негов транспорт од затворот „Скопје“ во Скопје.
Според Јордан Михајловски, директор на Управата за извршување санкции, денеска имало неколку масовни судења во Скопје и сите екипи биле зафатени, но Смиленски во понеделник ќе биде донесен во Основниот суд во Свети Николе.
На одлагањето реагираше обвинтелот Стево Митевски кој побара судењето да почне што поскоро, бидејќи случајот „Картонтекс“ застарува на 25 септември годинава.
Бизнисменот Методија Смиленски е обвинет за фалсификување службени документи, бидејќи имотот на „Картонекс“ го префрлил на неговата фирма „Индустри пластик“. Во претходното судење за овој случај тој доби една година затвор и уште 3, 5 години за компанијата „Снитекс“. Како претседател на управниот одбор, Смиленски ја злоупотребил службената положба и ја оштетил фирмата за околу два милиона долари. Апелацискиот суд во Штип во октомври минатата година го потврди само делот од пресудата за „Снитекс“, а одлучи повторно да му се суди за „Картонтекс“.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|