вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Православните верници масовно го прославија празникот на „Свети Наум Охридски - чудотворец“

Охрид, 3 јули (МИА) - Повеќе од десет илјади граѓани на Охрид, околните градови, од соседните држави, но и Македонци од дијаспората ноќеска и денеска го посетија манастирот „Свети Наум Охридски - чудотворец“ за по традиција да го одбележат празникот посветен на овој голем православен светец.

Посетителите палеа свеќи и принесуваа дарови на гробот на светецот за кој преданието говори дека имал чудотворна исцелителска моќ.

Покрај православните христијани манастирот го посетија и припадници на други конфесии како муслимани, католици и припадници на други помали верски групи.

Утрово, по повод празникот во манастирот „Свети Наум“ се одржа свечена литургија со која чиноначалствуваше митрополитот дебарско-кичевски г.Тимотеј во сослужение со митрополитот брегалнички г.Агатангел.

Покрај монашката и просветителската дејност, за Свети Наум се верува дека најмногу време одвојувал за да им помогне на болните и беспомошните.


Наjновo од Вести
Во Гостивар на автобуската станица нападнти двајца полицајци
Здружението на блогери реагира на некои медиумски заклучоци дека презентираат неточна слика за одредени појави
ОН: Дваесет патници се удавиле откако шверцери ги натерале да излезат од бродот
Косовски Албанци протестираат против планот за распоредување на Еулекс
Министерката Јанкулоска го означи почетокот на „Неделата на борба против трговија со луѓе“
Светот го одбележува Меѓународниот ден на укинување на ропството
Кривични пријави за четири лица за сторени 18 кривични дела „измама“
Во Гостивар започна поднесувањето барања за кредит за самовработување
Универзитетската библиотека во Битола со повеќе манифестации ќе го одбележи Свети Климент Охридски
МВР билтен
Програма за одбележување на 60-годишнината од националниот парк „Пелистер“
Изложба на дела од ликовниот клуб во Кичево
РЕК Осломеј го реализира планот за 2008 година
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи