
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Честитка од Груевски до Буш по повод Денот на независноста на САД
Скопје, 3 јули (МИА) - Премиерот Никола Груевски денеска му упати честитка на американскиот претседател Џорџ Буш по повод 4 Јули - Денот на независноста на САД.
- Ја користам оваа свечена пригода да го истакнам задоволството од исклучително позитивниот развој на односите помеѓу нашите две држави кои го потврдуваат традиционалното пријателство и стратешкото партнерство што заемно не поврзува. Истовремено, би сакал да го изразам моето цврсто уверување дека во претстојниот период стратешкото партнерство помеѓу македонија и САД ќе бележи натамошно интензивирање и зголемена динамика во сите области од заемен интерес, наведува Груевски.
Тој во честитката нагласува дека Република Македонија, како млада демократија е горда што споделува иста визија, вредности и принципи со САД и што во иднина, заедно ќе работат на заштита на глобалниот мир и слобода.
- Воедно, дозволете ми да ја искажам мојата благодарност за досегашната цврста и принципиелна американска поддршка на заложбите на Република Македонија за интегрирање во евроатлантските структури, која се надевам ќе продолжи и во иднина, особено во рамките на НАТО Алијансата, стои во честитката на Груевски до Буш.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|