петок, 29.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Македонија

Затворски казни за судија од Виница и заменик јавен правобранител од Кочани

Штип, 3 јули (МИА) - Судскиот кривичен совет од судот во Штип на виничкиот судија Методи Гоцевски му одреди казна затвор од една година, а на заменик јавниот правобранител од Кочани Јордан Данилов осум месеци, бидејќи ја злоупотребиле својата службена должност.

Гоцевски како судија во Основниот суд во Виница донел одлука, Петруш и Киро Карчови од истиот град противправно да се стекнат со имот, кој бил во сопственост на државата. Судијата без да ги изведе доказите и само на дадени искази од сведоците на семејството Карчови им обезбедил имот вреден 1.652.150 денари, кој се состои од ливади и шуми во атарот на селото Лаки.

Заменик јавниот правобранител од Кочани и покрај тоа што знаел за одлуката на судијата во првиот случај не поднел жалба, а во вториот поднел, но од непознати причини ја повлекол, па одлуката на судијата станала правосилна. Во овој случај Република Македонија е оштетена поради што е упатена на натамошна постапка за барање на отштета.

На денешното изречување на пресудата не беа присутни ниту поранешниот судија од Виница, ниту заменик јавниот правобранител од Кочани, кој сега е во пензија.


Наjновo од Вести
Во Мароко уапсени 15 членови на терористичка група поврзана со Ал Каеда
Грузија ги прекина дипломатските односи со Русија
Операторите подготвени за услугата преносливост на броеви
Нестеренко: Русија се надева дека ЕУ ќе направи разумна анализа на руско-грузиската криза
Караџиќ одби да се изјасни за вината пред Хашкиот трибунал
Бугарскатa бизнис групација „Чимимпорт“ сака да ја купи Поштенска банка
Италијанскиот генерал Џузепе Емилио Гај го презеде командувањето со КФОР
Блокирањето на млекраниците е желба на поединци, не став на вистинските фармери, велат индивидуални земјоделци
Два дена притвор за Ѓулер Сулејмани осомничена за тешка кражба
Честитки од Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи до ИВЗ по повод Рамазан
Волци заклаа 20 овци во Кумановско
Сочувство до семејството на пилотот Георгиев од Автомобилистичката федерација на Македонија
Коце Трајановски, нов претседател на ЗЕЛС
Маневски во Хаг го посети Јохан Тарчуловски
На кумановскиот Зелен пазар почна користењето на новоизградените 24 бокса
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи