вторник, 07.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Вести / Македонија

Честитка од премиерот Никола Груевски до претседателот Џорџ Буш по повод Денот на независноста на САД

3 јули

Претседателот на Владата на Република Македонија м-р Никола Груевски денеска, по повод 4 Јули - Денот на независноста на Соединетите Американски Држави на претседателот Џорџ Буш му упати честитка со следната содржина:

„Почитуван г-не Претседател,

По повод Националниот празник на Вашата држава, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, дозволете ми, во мое лично име и во името на Владата на Република Македонија, да Ви упатам срдечни честитки и искрени желби за просперитет на Соединетите Американски Држави, како и благосостојба на пријателскиот американски народ.

Ја користам оваа свечена пригода да го истакнам задоволството од исклучително позитивниот развој на односите помеѓу нашите две држави, кои го потврдуваат традиционалното пријателство и стратешко партнерство што заемно не поврзува. Истовремено, би сакал да го изразам моето цврсто уверување дека во претстојниот период стратешкото партнерство помеѓу нашите земји ќе бележи натамошно интензивирање и зголемена динамика во сите области од заемен интерес. Република Македонија, како млада демократија е горда што споделува иста визија, вредности и принципи со Соединетите Американски Држави и што во иднина, заедно со Вашата земја, продолжуваме да работиме на заштита на глобалниот мир и слобода.

Воедно, дозволете ми да ја искажам мојата благодарност за досегашната цврста и принципиелна американска поддршка на заложбите на Република Македонија за интегрирање во Евро-атланските структури, која се надевам ќе продолжи и во иднина, особено во рамките на НАТО Алијансата. Посебно би сакал да Ви се заблагодарам за Вашиот личен, несебичен и искрен ангажман за интересите на Република Македонија, што во континуитет го правите, а што граѓаните на мојата земја високо го ценат и почитуваат.

Со такво убедување, упатувајќи Ви ги моите искрени желби за Ваше добро здравје, лична среќа и натамошна успешна работа, Ве молам, Ваша Екселенцијо, примете ги изразите на моето високо почитување.

Нека Господ Ве благослови Вас, Вашето семејство и Соединетите Американски Држави.“

 

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 
    Сектор за односи со јавноста

 

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговарна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


Наjновo од Вести
Струмичкото стопанство за девет месеци оствари извоз од околу 50 милиони евра
Дирекцијата за храна изврши контроли во 32 објектa низ Скопје
Јанез Јанша сака да го тужи финскиот новинар
Во Куманово почна судскиот процес против Халили обвинет за убиство на командирот на Полициската станица во Матејче
Франција: Обвинителот бара Вилпен да биде вратен пред судот
Можен кредит од ЕБОР за четири земји од Западен Балкан
Русија лансира сателит за изучување на молњи
Владина делегација на крајот на октомври ќе разговара во Бугарија за можностите за вклучување во проектот „Белене“
ДПА не се согласува Македонија да гласа воздржано за иницијативата на Србија во ОН
Собранието ги избра Наташа Габер - Дамјановска и Гзиме Старова за уставни судии
Црвенковски за името и за посетата на Брисел
Жителите од кривопаланечкото село Голема Црцорија бараат граничен премин кон Србија
Кривична пријава за тројца скопјани осомничени за производство и пуштање во промет на марихуана
Стартува кампања за превенција од дрога под наслов „Престани пред да почнеш“
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи