
|
 |
Вести / Македонија
Деби на македонските ватерполисти на Европското првенство во Шпанија
Скопје, 4 јули (МИА) - Македонската ватерполо репрезентација со натпреварот против Романија претпладнево во 11 часот во Малага ќе го има своето деби на Европското првенство.
Македонија покрај со Романија е во група со европските и светски ватерполо сили - Србија, Русија, Италија и Германија.
Селекторот Љубомир Мечкиќ пред заминувањето за Шпанија оцени дека дуелот против Романија е многу важен, бидејќи од него ќе зависи и натамошниот ритам на репрезентацијата.
Амбициите на македонската репрезентација се да прикаже добра игра, да совлада некои од фаворитите и да покаже дека, иако по прв пат во својата историја, заслужено се најде меѓу 12. најсилни ватерполо селекции во Европа.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|