Цените на угостителските услуги зголемени за 1,7 отсто
Скопје, 4 јули (МИА) - Цените на угостителските услуги овој месец во однос на претходниот се зголемени за 1,7 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Порастот е резултат на повисоките индекси на ноќевањата за 7 проценти, на алкохолните пијалаци за 0,4 и на безалкохолните пијалаци за 0,4 отсто.
Индексот на цените на угостителските услуги во јуни во однос на истиот месец минатата година, е зголемен за 8 отсто.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-јуни 2008 во однос на истиот период лани е зголемен за 7 проценти, додека во однос на декември 2007 година е зголемен за 2,6 отсто.
|