
|
 |
Вести / Македонија
Собранието ќе разгледува закони од ЕУ агендата
Скопје, 4 јули (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи четвртата седница на чиј дневен ред се закони за усогласување на македонското со европското законодавство.
Според предложениот дневен ред, седницата треба да почне со расправа по Предлог одлуката за изменување на Одлуката за основање Совет на Собранискиот канал. Потоа пратениците, меѓу другото, треба да ги разгледаат предлозите за донесување по итна постапка закон за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи, законите за постапување по претставки и предлози, за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, за изменување и дополнување на Законот за семејство, закон за облигационите и стварноправните односи во воздушниот сообраќај...сите со предлог закони и од ЕУ агендата.
Македонските парламентарци треба да расправаат и по предлозите за донесување по итна постапка закон за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковен договор за заем за делумно финансирање на „Проектот за изградба на фискултурни сали“. Пред пратениците се и законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем по Проектот за подобрување на постоечката регионална и локална патна мрежа, како и законите за изменување на Законот за градежни производи и на Законот за минерални суровини... сите со предлог закони.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|