вторник, 07.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Вести / Македонија

Македонски поети на Конгресот на поетската мрежа Лириклајн во Берлин

Скопје, 4 јули (МИА) -  Во Берлин викендов ќе се одржи Конгрес на координаторите на меѓународната поетска мрежа Лириклајн (Lirikline), на чија интернет-страница (HYPERLINK "http://www.likiline.org"www.likiline.org) годинава првпат беа претставени пет македонски поети.

На средбата ќе се претстават новите поети и преводи, како и новите членови од африканските и латино-американските земји.

Иницијатор на претставувањето на македонската поезија пред пошироката светска јавност и учесник на конгресот на координатори во Берлин е Никола Маџиров. Според македонскиот огранок на меѓународната поетска мрежа, со објавувањето на поезија од македонски автори на веб страницата на Лириклајн, македонскиот јазик се најде во семејството од 49 јазици, колку што досега се објавени на овој сајт.

Во првиот бран македонски поети, со по 10 песни на македонски и германски јазик, беа објавени Матеја Матевски, Влада Урошевиќ, Богомил Ѓузел, Катица Ќулавкова и Ефтим Клетников. Од Лириклајн Македонија, најавуваат дека наскоро ќе биде објавена поезија и од други македонски автори, а претставувањето на македонската поезија ќе продолжи и во текот на наредната година.

- Една од главните карактеристики што го издвојува овој светски поетски портал од останатите, е што сите застапени автори ги читаат своите 10 песни на оригиналниот јазик на којшто се напишани. Така, освен читањата на македонските автори, оваа страница нуди можност да се чујат и гласовите на Јејтс, Ферлингети, Исмаил Кадаре, Дерек Волкот, Ненси Морехон, Ингеборг Бахман, Енцесбергер и многу други, се посочува во соопштението од Лириклајн Македонија.

Лириклајн е една од најдобро организираните светски поетски мрежи и за своите континуирани активности има добиено важни награди со европски и светски предзнак.


Наjновo од Вести
Струмичкото стопанство за девет месеци оствари извоз од околу 50 милиони евра
Дирекцијата за храна изврши контроли во 32 објектa низ Скопје
Јанез Јанша сака да го тужи финскиот новинар
Во Куманово почна судскиот процес против Халили обвинет за убиство на командирот на Полициската станица во Матејче
Франција: Обвинителот бара Вилпен да биде вратен пред судот
Можен кредит од ЕБОР за четири земји од Западен Балкан
Русија лансира сателит за изучување на молњи
Владина делегација на крајот на октомври ќе разговара во Бугарија за можностите за вклучување во проектот „Белене“
ДПА не се согласува Македонија да гласа воздржано за иницијативата на Србија во ОН
Собранието ги избра Наташа Габер - Дамјановска и Гзиме Старова за уставни судии
Црвенковски за името и за посетата на Брисел
Жителите од кривопаланечкото село Голема Црцорија бараат граничен премин кон Србија
Кривична пријава за тројца скопјани осомничени за производство и пуштање во промет на марихуана
Стартува кампања за превенција од дрога под наслов „Престани пред да почнеш“
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи