
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Годишна конференција за оценка на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата
Охрид, 4 јули (МИА) - Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи првата годишна конференција за оценка на остварувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата.
На конференцијата ќе учествуваат претставници на Владата, Собранието, ресорните министерства, правосудството и меѓународните организации. Присуство најавија и претставници на антикорупциски тела од Србија, Словенија, Црна Гора, Косово, Албанија и Хрватска.
Предвидено е утре Антикорупциската комисија да потпише меморандум за соработка со Управата за антикорупциска иницијатива на Црна Гора.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|