понеделник, 08.09.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Македонија

На самиот почеток на седницата Собранието на получасовна пауза

Скопје, 4 јули (МИА) - Пред почетокот на денешната четврта седница Парламентот требаше да го констатира престанокот на мандатот на Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Трајко Славески, Миле Јанакиески и Зоран Ставревски откако тие поднесоа писмени оставки дека се откажуваат од пратеничката функција заради тоа што во исто време сеуште се членови на Владата.

Престанокот на нивниот мандат не беше констатиран бидејќи Јани Макрадули од СДСМ забележа дека согласно членот 65 од Уставот на Република Македонија, пратениците оставките треба да ги достават лично на собраниска седница.

На ова реплицираше претседателот на Парламентот Трајко Велјановски, според кого, посочениот член не значи дека пратениците лично треба да бидат присутни на седницата, туку дека оставките можат да ги достават во писмена форма до Собранието, додавајќи дека и до сега поднесувањето на оставки на функциите се правело на ист начин.

- Јас не зборувам каква била праксата досега, туку сакам да посочам што вели уставната одредба и дека вие на ваков начин го кршите Уставот, рече Макрадули и побара половина час пауза со цел, како што рече, претседателот на Собранието да размисли и да создаде услови оставките да се поднесат согласно Уставот.

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи четвртата седница на чиј дневен ред се закони за усогласување на македонското со европското законодавство.

Според предложениот дневен ред, седницата треба да почне со расправа по Предлог одлуката за изменување на Одлуката за основање Совет на Собранискиот канал. Потоа пратениците, меѓу другото, треба да ги разгледаат предлозите за донесување по итна постапка закон за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи, законите за постапување по  претставки и предлози, за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, за изменување и дополнување на Законот за семејство, закон за облигационите и стварноправните односи во воздушниот сообраќај...сите со предлог закони и од ЕУ агендата.

Македонските парламентарци треба да расправаат и по предлозите за донесување по итна постапка закон за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковен договор за заем за делумно финансирање на „Проектот за изградба на фискултурни сали“. Пред пратениците се и законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем по Проектот за подобрување на постоечката регионална и локална патна мрежа, како и законите за изменување на Законот за градежни производи и на Законот за минерални суровини... сите со предлог закони.


Наjновo од Вести
Британските синдикати го обвинија Гордон Браун за предавство на лабуристичките симпатизери
СКМ го поддржува барањето пивото да не се третира какo алкохол
Цената на нафтата се намали во очекување на состанокот на ОПЕК
Дик Чејни ги поддржа амбициите на Украина за влез во НАТО
Врачени почесните признанија за хуманост „Мајка Тереза“
Тропската бура Хана се движи кон југоисточниот брег на САД, а по неа доаѓа ураганот Ајк
Нафтени компании го потткопуваат енергетскиот договор на Србија со„ Газпром“, тврди српски опозициски политичар
Штепан: Ќе биде од огромна корист соседните влади да ја прочитаат книгата „За македонските работи“ на Мисирков
Од денеска престануваат да важат договорите за концесија
Потпишан Меморандум за соработка меѓу СКМ и ЦУК
Промовирана еколошката телефонска линија за пријавување штети во животната средина
Третоодделенците во Куманово можат да учат ромски јазик како изборен предмет
СКМ го поддржува барањето на пиварите пивото да не се третира какo алкохол
СКМ го поддржува барањето на пиварите пивото да не се третира какао алкохол
Битолчанецот Љупчо Петровски награден на филмски фестивал во Србија
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи