понеделник, 06.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Македонија

Обука за бранители во судски процеси за заштита на човековите права поддржана од ОБСЕ

Скопје, 4 јули (МИА) – Заштитата на човековите права и придржувањето до меѓународните стандарди во таа област е тема на обуката за околу 30-тина адвокати од Македонија, што денеска почна во Струга, на иницијатива на Адвокатска комора, а со поддршка на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје.

Како што соопшти Мисијата на ОБСЕ, целта на тридневната обука е како адвокатите подобро да ги применуваат членовите 5 и 6 од Европската конвенција за човекови права, како и меѓународните стандарди за фер судење.

- Законите стануваат се посложени, а секој адвокат-бранител мора да го надгради неговото знаење и да ги унапреди професионалните вештини со цел на клиентите да им обезбеди што подобри услуги, рече на отворањето на обуката Холгер Хембах, директор на Програмата за реформа на судството во Одделот за владеење на правото на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Според Ненад Јаничевиќ, претседател на Адвокатската комора, само добро обучен правник може соодветно да одговори на професијата бранител и да осигури силна и квалификувана одбрана.

- Една од нашите главни цели е градење на ефикасни механизми за образование, коишто постојано ќе ги унапредуваат техниките на адвокатите за бранење, етичките стандарди и знаењето на правото, рече Јаничевиќ.

По завршувањето на обуката, бранителите ќе ги споделат знаењата со нивните колеги преку серија на 12 еднодневни регионални работилници.


Наjновo од Вести
Промовиран Медицинскиот факултет на Државниот универзитет во Тетово
Во Штип започна вакцинација против ХПВ вируси
Занимливости поврзани за Нобеловите награди
Прилепските земјоделци бараат до крајот на неделава да ги потпишат договорите за закуп на државното земјиште
Во август издадени 317 одобренија за градење
Половина од Македонците користат компјутер, 41,5 отсто интернет, а 78,7 проценти мобилен телефон
Фејт: Иницијативата на Србија за Косово е легитимна, но не е од корист во овие околности
Министерот Јанакиески ги посети поплавените домови во Петралинци
Мешаниот хор на КУД „Стив Наумов“ од Битола освои Гранпри на фестивал за црковна музика во Бугарија
Собрание на пауза по барање на ДУИ
Прв академски час за околу 1.500 нови студенти на Универзитетот ФОН
Слепите лица бараат подобар третман во општеството
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи