сабота, 06.09.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Македонија

Министерот Милошоски се сретна со турскиот министер за екологија Ероглу

Скопје, 4 јули (МИА) - Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски се сретна со министерот за екологија и шумарство на Република Турција Вејсел Ероглу, кој во Скопје учествува на регионалната конференција за води, соопшти МНР.

Ероглу го информира Милошоски за текот и резултатите од конференцијата на која експерти расправаат за  прашања поврзани со водите во Југоисточна Европа, и посебно, за негативното влијание на климатските промени врз водните ресурси и здравјето на луѓето во овој регион, како и за мерките што треба да се преземат за нивно отстранување. Ероглу го покани министерот Милошоски да учествува на Петтиот светски Форум и Министерската конференција за води во Истанбул закажана за март идната година.

На средбата стана збор и за соработката меѓу двете земји во областа на земјоделството, шумарството, водостопанството и екологијата, како и за натамошно поттикнување на турски инвестиции во Република Македонија во овие области.

Милошоски се осврна и на билатералните односи, изразувајќи задоволство од високото ниво на пријателство и соработка меѓу Македонија и Турција.


Наjновo од Вести
Британските синдикати го обвинија Гордон Браун за предавство на лабуристичките симпатизери
СКМ го поддржува барањето пивото да не се третира какo алкохол
Цената на нафтата се намали во очекување на состанокот на ОПЕК
Дик Чејни ги поддржа амбициите на Украина за влез во НАТО
Врачени почесните признанија за хуманост „Мајка Тереза“
Тропската бура Хана се движи кон југоисточниот брег на САД, а по неа доаѓа ураганот Ајк
Нафтени компании го потткопуваат енергетскиот договор на Србија со„ Газпром“, тврди српски опозициски политичар
Штепан: Ќе биде од огромна корист соседните влади да ја прочитаат книгата „За македонските работи“ на Мисирков
Од денеска престануваат да важат договорите за концесија
Потпишан Меморандум за соработка меѓу СКМ и ЦУК
Промовирана еколошката телефонска линија за пријавување штети во животната средина
Третоодделенците во Куманово можат да учат ромски јазик како изборен предмет
СКМ го поддржува барањето на пиварите пивото да не се третира какo алкохол
СКМ го поддржува барањето на пиварите пивото да не се третира какао алкохол
Битолчанецот Љупчо Петровски награден на филмски фестивал во Србија
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи