
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Иницијатива за основање Музеј на еврејската заедница во Битола
Битола, 4 јули (МИА) - Друштвото на Евреи од Битола поведе иницијатива за основање Музеј на еврејската заедница во овој град.
- Нашата цел е да биде отворен Музеј во кој ќе бидат поместени фотографии, предмети од домаќинствата и ретка покуќнина што им припаѓала на битолските Евреи до денот на прогонот во логорот Треблинка, изјави Димче Миновски, член на друштвото кое ги негува традициите на Евреите од Битола.
Тој додаде дека подготвуваат богат проспект-информатор со податоци за објектите кои некогаш биле сопственост на битолските Евреи.
Националната установа Завод и Музеј-Битола, наскоро треба да почне со реставрација на порталот на еврејските гробишта.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|