
|
 |
Вести / Македонија
Прва средба на експертски делегации од министерствата животна средина на Македонија и на Турција
4 јули
На 03 и 04 јули 2008 година во официјална посета на Република Македонија предстојува делегација од Република Турција предводена од господинот Вејсел Ерголи, министер за животна средина и шумарство.
Во рамките на официјалната посета на делегацијата од Републлика Турција на 04 јули 2008 година, експертски делегации од Министерствата за животна средина на Република Македонија предводена од Дејан ПАНОВСКИ, Државен секретар при Министерството за животна средина и просторно планирање и делегација од Република Турција предводена од Хасан САРИКАЈА проф др. Подсекретар во Министерството за животна средина и шумарство на Република Турција, Одржаа Прва билатерална седница. Седницата се одржа како резулатат на потпишаниот Меморандум за разбирање и соработка од областа на животната средина потпишан во март 2007 година
Во согласност со Член 5 од потпишаниот Меморандум и фактот дека е прва седница, Пановски и Сарикаја се договорија до крајот на јули 2008 година преку размена на писма страните да назначат координатори за понатамошна соработка, кои пак во рок од два месеци – крај на септември 2008 година ќе усогласат Годишна програма за соработка. Заеднички интерес и приоритет на двете страни е воспоставување на соработка во Секторите води / отпадни води и управување со отпад што ќе биде фокусот во кој ќе се развива Годишната програма за соработка.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ
_________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговарна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|