
|
 |
Вести / Македонија
Невреме целосно опустоши површини со тутун, бостан и пченка
Прилеп, 4 јули (МИА) - Невреме проследено со дожд, ветер и град со големина на лешник синоќа околу 20 часот ги зафати атарите на селата Мраморани и Забрчани, општина Долнени.
Предизвикани се големи штети пред се на тутунот, бостанот, пченката дури и до 100 отсто, а помалку има на површните со жито. Земјоделците проценуваат дека штетите од синоќешното невреме се повеќе од два милиона денари и бараат помош од државата.
На терен денеска излезе екипа на подрачната единица на Министерството за земјоделство од Прилеп и од локалната самоуправа од Долнени.
Според земјоделскиот инспектор Стеван Котески невремето зафатило ареал од 40-ина хектари, а штетите се на 10-ина хектари. Најголеми, дури до сто отсто се кај тутунот, кај бостанот како и на површини со пченка. Најмалку е зафатено житото.
Согласно Законот за елементарни непогоди, обврска да направи записник и процена на штетите има локалната самоуправа на Долнени чии претставници денеска беа на теренот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|