вторник, 07.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Вести / Македонија

Антикорупциската комисија генерално задоволна од спроведувањето на Државната програма за спречување на корупцијата

Охрид, 4 јули (МИА) - Реализацијата на краткорочните активности на Антикорупциската комисија од спроведувањето на државната програма за спречување на корупцијата генерално може да се оцени како задоволувачка, беше истакнато на првата Годишна конференција Комисијата што денеска и утре се одржува во Охрид.

Како што истакна претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Мирјана Димовска, од 98-те активности посочени во програмата, реализирани се 31, 27 се делумно реализирани, 26 се нереализирани, а за 14 краткорочни активности Комисијата нема податоци.

Во делот на заклучоците што се однесуваат на политичкиот систем, Собранието и политичките партии, на конференцијата е истакнато дека активностите задоволуваат со забелешка на бавното темпо во делот што треба да ги спроведат надлежните институции.

- Има случаи на спроведување на измени на закони, но не во онаа смисла како што е посочено во програмата на Антикорупциската комисија. Постојат случаи да се менуваат закони, но да не се оствари суштината на законодавниот акт, истакна Димовска.

Во делот што се однесува на економско-финансискиот систем, Димовска посочи дека активностите од нормативниот карактер се одвиваат со задоволително темпо, притоа посочувајќи ги како коректни измените во законите за царините и за јавните набавки, како и другите закони од таа област. Слична е состојбата и во делот од активностите на Комисијата кои се однесуваат на јавната администрација и локалната самоуправа каде реализацијата на краткорочните активности е на задоволително ниво, но изостануваат активностите од нормативен и суштински карактер што имаат влијание врз реализацијата на другите задачи.

Како најпроблематичен се посочува делот на активностите што се однесуваат на граѓанското општество, медиумите и синдикатите каде изостанува реализацијата на активностите, а се посочени сериозни проблеми во доставувањето информации.

- Заклучок е дека соработката во рамките на реализацијата на Државната програма за спречување на корупцијата со речиси 200 институции на Република Македонија вклучени во процесот сосема добро се одвива со некои помали забелешки од оперативен карактер, додаде Димовска.

Државниот секретар при Министерството за правда Нуман Лимани ги поздрави активностите што ги презема ДКСК во насока на спречување на коруптивните процеси.

- Интерес на Владата на Република Македонија е Антикорупциската комисија да си ја врши својата работа и целосно ја поддржува преку усвоената Програма за борба против организираниот криминал и корупцијата, формирањето меѓуресорско тело за следење на активностите во борбата против корупцијата во која свој претставник имаат сите државни институции со цел да се одржува координираност меѓу Комисијата и владините тела. Имаме точни податоци, знаеме што работиме, истакна Лимани.

Во рамките на дводневната конференција претставници на сродни институции од Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, како и од европските асоцијации, утре на посебна сесија ќе расправаат за некои области од заеднички интерес, за националните практики во одделните земји, за меѓународните стандарди, а ќе ќе се разгледуваат и можностите за унапредување на билатералната односно регионалната соработка.

На утрешната сесија ќе биде потпишан меморандум за соработка меѓу Државната комисија за спречување на корупцијата на Македонија и Антикорупциското биро на Црна Гора, сличен на веќе потпишаниот договор со црногорската Комисија за спречување на судир на интереси.


Наjновo од Вести
Струмичкото стопанство за девет месеци оствари извоз од околу 50 милиони евра
Дирекцијата за храна изврши контроли во 32 објектa низ Скопје
Јанез Јанша сака да го тужи финскиот новинар
Во Куманово почна судскиот процес против Халили обвинет за убиство на командирот на Полициската станица во Матејче
Франција: Обвинителот бара Вилпен да биде вратен пред судот
Можен кредит од ЕБОР за четири земји од Западен Балкан
Русија лансира сателит за изучување на молњи
Владина делегација на крајот на октомври ќе разговара во Бугарија за можностите за вклучување во проектот „Белене“
ДПА не се согласува Македонија да гласа воздржано за иницијативата на Србија во ОН
Собранието ги избра Наташа Габер - Дамјановска и Гзиме Старова за уставни судии
Црвенковски за името и за посетата на Брисел
Жителите од кривопаланечкото село Голема Црцорија бараат граничен премин кон Србија
Кривична пријава за тројца скопјани осомничени за производство и пуштање во промет на марихуана
Стартува кампања за превенција од дрога под наслов „Престани пред да почнеш“
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи