вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Егејските Македонци задоволни од отворањето на нивното прашање

Скопје, 4 јули (МИА) - Прашањето со името е параван на грчката Влада, а во суштина таа се плаши од поставувањето на прашањата кои се поврзани со правата на Македонците од Егејска Македонија, истакна претседателот на Организацикиот одбор на Светската средба на децата бегалци Георги Јановски по дееншната средба во Владата со премиерот Никола Груевски.

Тој смета дека отворањето на прашањето за имотите на Македонците од Егејскка Македонија е голем настан и оти со него по многу децении е направен огромен исчекор.

- Очекуваме наскоро Парламентот да ја усвои резолуцијата за заштита на жртвите од граѓанската и антифашистичката војна. По нејзиното усвојување од новиот парламентарен состав ќе имаме целосна слика за еден напор што македонската држава треба да го направи за остварување на тие права, кои се одземени од страна на грчката Влада. Тука се прашањата на државјанството, одземеното државјанство, прашањето на имотите и ред други прашања кои што сметаме досега не беа поставени пред грчката Влада, додаде Јановски.

Од отворањето на ова прашање од страна на Владата задоволен и Ставре Џиков, член на Организацискиот одбор на Светската средба на децата бегалци.

- Македонците од Егејска Македонија бе апринудени да ги остават своите родни огништа и својот имот и пред тоа Европа едностравно не може да ги затвори очите, рече Џиков.

На средбата со премиерот Груевски присуствувале претставници на сите здруженија на децата бегалци од Егејска Македонија кои го информирале за манифестацијата што ќе биде одржана на 18-ти овој месец.


Наjновo од Вести
Продолжение на амандманската расправа по Предлог - буџетот за 2009
Агенцијата Муудис предупредува дека турската економија без спогодба со ММФ ќе западне во рецесија
Шутановац: Српската војска нема да се врати на Косово
Атина и Скопје да го прифатат името „Северна Македонија“
Петмина Палестинци повредени во судири со израелски доселеници
Војници на НАТО извршија претрес во домот на Радован Караџиќ
Извештај на Бан Ки-мун за Кипар
Училиштата во Делчево од утре почнуваат со настава
По повод Денот на лицата со хендикеп во Крива Паланка другарување со штетеници
Денови на македонското творештво во Србија
Јавна расправа за Нацрт амандманот 31 на Уставот на Република Македонија
Ден на идеи во Општина Делчево
Во Велес промовирана книгата „Условниот период во дијалектите на македонскиот јазик“ од Убавка Гајдова
Општина Гевгелија донесе програма за тригодишен локален развој од 800 милиони денари
Во Штип исплатени субвенциите за земјоделството
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи