
|
 |
Вести / Македонија
Прашањето за Егејците е „непостоечко“
Атина, 4 јули (МИА) - Скопје се обидува со непостоечки, неосновани и неприфатливи прашања да ги опструира преговорите за името што се водат под покровителство на ОН, изјави денеска портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Јоргос Кумуцакос, коментирајќи ја изјавата на шефот на македонската дипломатија Анотонио Милошоски дека е добро заедно со името да се затвори и прашањето со имотите и државјанствата на Македонците протерани од Грција за време на граѓанската војна.
- Таквите барања нема да влијаат врз Грција која нема да прифати никаков обид за пренасочување на преговорите од нивната единствена цел - изнаоѓање заеднички прифатливо решение за името. За Грција има само една и точно определена цел на преговарачкиот процес и со таков мандат посредникот Метју Нимиц ги води преговорите, рече Кумуцакос на средба со новинарите во Атина.
Изјвата на Кумуцакос е првата официјална реакција од Грција, откако македонската страна побара во разговорите за името да се отвори и прашањето за правата и имотите на Егејците.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|