петок, 04.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Вести / Македонија

Синот на Алити, цел на нападот во Радуша

Скопје, 4 јули (МИА) - Бесфор Алити (25), син на пратеникот од ДУИ Рафиз Алити, бил целта на оружениот напад што се случи синоќа во 23.45 часот пред чајџилницата „Вита“ во скопското село Радуша, во кој девет лица се повредени.

Алити и уште едно лице од повредените се во критична состојба, тројца се пуштени на домашно лекување, а останатие се задржани во Клиничкиот центар, во Воената и во Градската болница во Скопје. Постои сомневање дека еден од повредените, Сељам Салиу, учествувал во групата која го извршила нападот.

Поголемиот дел од лицата осомничени дека го извршиле нападот во моментов се недостапни за полицијата и по нив се трага. 

Мотивот за извршениот напад, според првичните сознанија, информира портпаролот на Министерството за внатрешни Ивица Котевски на денешната прес - конференција, е претходна нетрпеливост меѓу Алити и напаѓачите.

- Во однос на таа нетрпеливост не можат да се исклучат и политичките мотиви односно пресметки кои се случија во предизборниот период. Во неколку наврати веќе имало пресметки меѓу нив,  рече Котевски.

Тој појасни дека според очевидци, група од десеттина лица со возила „Шкода“ и „Југо“ пристигнале пред чајџилницата. Од направениот увид на местото на инцидентот и пронајдените околу 30 чаури, утврдено е дека петтмина од нив со автоматско оружје, пиштол и ловна пушка пукале кон Бесфор Алити.

Во текот на денот со очевидци, најави Котевски,  ќе биде извршено препознавање на лицата кои учествувале во нападот. Откако напаѓачите ќе бидат идентификувани, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, а ќе бидат издадени и интерни потерници.

- Полицијата работи исклучиво по документирани сознанија. Откако  ќе бидат идентификувани осомничените сторители, полицијата ќе постапи согласно законските надлежности. Ќе бидат  извршени претреси во нивните домови и доколку лицата не бидат пронајдени ќе се распише потрага по нив, а ако излезат надвор од земјата најверојатно ќе биде распишана меѓународна потерница, изјави Котевски.

Осомничени за пукањето се Реџеп Салиу, Сељам Салиу, Муамед Халиу, Емин Салиу и Ведат Салиу од Радуша, сите во роднинска врска. Дел од нив, но и од повредените Решад Асани (54), Зулми Тахири (46), Насер Муртезани (47), Мурат Рамадани (53), Јакуп Рамадани (44), Беким Фаризи (36) и Џеваир Сељами, од Радуша, се појавуваат во крим евиденцијата на МВР како сторители на различни кривични дела.


Наjновo од Вести
Велика Британија за прв пат по завршувањето на “студената војна“ ја означи Русија како закана
Собранието ги констстира оставките на пратениците кои се и членови на Владата
Тринаесет бегалци, од кои еден мртов, пронајдени на грчки ферибот во Венеција
Егејските Македонци задоволни од отворањето на нивното прашање
Прашањето за Егејците за Атина е „непостоечко, неосновано и неприфатливо“
Учество на МКУД „Илинден“ од Сиднеј на Балканскиот фолклорен фестивал во Охрид и на Илинденски денови во Битола
Полска го отфрли предлогот на САД за противракетниот штит, соопшти премиерот Доналд Туск
Синот на Алити, цел на нападот во Радуша
МВР Билтен
На Кокино пронајдени предмети од бронза
Иницијатива за основање Музеј на еврејската заедница во Битола
Прва средба на експертски делегации од министерствата животна средина на Македонија и на Турција
Прилепчанец пронајден мртов на терасата од неговиот стан
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи