вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

МВР Билтен

Скопје, 4 јули (МИА) - Полициската станица Неготино поднесе кривична пријава против И.В.(35) од скопското село Грчец за сторено кривично дело „подведување и овозможување полови дејствија“.

На 03.07.2008 година И.В. телефонски се договорил со 15 годишно девојче од Неготино за средба, а потоа на влезот од градот го качил во товарно моторно возило, ветувајќи му дека ќе го вработи. Тие се упатиле кон Скопје, но во близина на Стоби И.В. извршил полови дејствија врз девојчето.

Полициската станица Неготино поднесе кривична пријава против Н.Н.(57), судија во Основниот суд Неготино и Н.Д.(45) од Велес, заменик јавен правобранител, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Н.Н. во 2003-2004 година постапувајќи по предмет за кој Основниот суд Неготино не бил месно надлежен, донел пресуда со која го усвоил тужбеното барање на тужителот „ПУП Југо Вардар“ од Неготино. Н.Н го признал правото на сопственост на недвижен имот, стекнат по претходен неоснован договор за купопродажба на имот склучен со ЈП „Електростопанство“, бидејќи имотот бил во државна сопственост. Иако знаел дека купопродажниот договор е неоснован, Н.Д. не поднел жалба на донесената пресуда и дозволил да стане правосилна. На овој начин пријавените ја оштетиле државата за 976.500 денари.

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Т.Т.(19), И.И.(25), двајцата од Струмица и С.С.(18), од Куманово, за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“  и „соизвршителство“.

Од септември до октомври 2007 година Т.Т., И.И. и С.С. неовластено влегле во компјутерскиот систем на колонијалната продавница „Би-Трејд“ во село Муртино, Струмичко, сопственост на И.В.(31), овластен дилер за продажба на ваучери на Т-Мобиле. Тие извршиле 51 дополнување на повеќе телефонски броеви, оштетувајќи го И.В. за 25.000 денари.


Наjновo од Вести
Продолжение на амандманската расправа по Предлог - буџетот за 2009
Агенцијата Муудис предупредува дека турската економија без спогодба со ММФ ќе западне во рецесија
Шутановац: Српската војска нема да се врати на Косово
Атина и Скопје да го прифатат името „Северна Македонија“
Петмина Палестинци повредени во судири со израелски доселеници
Војници на НАТО извршија претрес во домот на Радован Караџиќ
Извештај на Бан Ки-мун за Кипар
Училиштата во Делчево од утре почнуваат со настава
По повод Денот на лицата со хендикеп во Крива Паланка другарување со штетеници
Денови на македонското творештво во Србија
Јавна расправа за Нацрт амандманот 31 на Уставот на Република Македонија
Ден на идеи во Општина Делчево
Во Велес промовирана книгата „Условниот период во дијалектите на македонскиот јазик“ од Убавка Гајдова
Општина Гевгелија донесе програма за тригодишен локален развој од 800 милиони денари
Во Штип исплатени субвенциите за земјоделството
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи