Ќе се интензивираат контактите меѓу Македонците и Хунзите

Скопје, 11 јули (МИА) - Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со делегација од земјата на Хунзите, предводена од принцот Мир Газанфар Али Кан и принцезата Рани Атика.

Премиерот Груевски им посака добредојде на гостите и го поздрави воспоставувањето на врските помеѓу двата народи, а воедно го истакна интересот и подготвеноста на Македонија за натамошно динамизирање на односите и унапредување на соработката на секое поле од заемен интерес.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот на Владата, принцот Мир Газанфар Али Кан посочи дека му е чест што се наоѓа во својата земја, Македонија, и кај својот народ со кои имаат историска поврзаност. Принцот потенцира дека тие се горди што се наследници на Александар Македонски, а информираше за земјата и народот на Хунзите.

Соговорниците нагласија дека во иднина ќе се интензивираат контактите и изразија подготвеност за конкретна соработка и проекти во иднина, како што се заемни посети и размени во сферата на културата, науката, историјата, образованието, фолклорот и лингвистиката кои што ќе придонесат во натамошното продлабочување на односите помеѓу двата народи.

Премиерот Груевски ги информираше гостите за состојбите во Република Македонија во однос на нејзиниот политички, економски и културен развој, како и процесите на интеграција на Македонија во европските и евро-атлантските организации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...