вторник, 07.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Во Битолско ќе се одржи етно фестивал „Маловишта 2008“

Битола, 24 јули (МИА) - Во битолското, потпелистерско село Маловишта викендов по седми пат ќе се одржи традиционалниот етно фестивал „Маловишта 2008“.

- Фестивалот е организиран како смотра на влашката традиција и има за цел да го афирмира селото Маловишта како единствена населба во Националниот парк „Пелистер“, но и влашката култура, изјави на денешната прес-конференција во Битола Ристо Палигора, директор на фестивалот.

Според програмата, во петок навечер ќе биде отворена изложба со дела од „Мал битолски Монмартр“, мотивирани од пејзажите на Маловишта, како претходница на вечерта на влашката песна и музика.

В сабота, организаторите најавуваат вечер на влашката поезија, како и промоција на две книги.

- Годинава ќе ги промовираме книгите „Моловиште-Хронологија на селото“ од Нико Попникола и „Љубов кон татковината-одбрана поезија“ од Викторија Тола, рече Палигора.



Наjновo од Вести
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го храбри своето членство со ветувања за вработувања, награди и бенефити
Во Камерун над 300 луѓе починаа од колера
Две лица загинаа во железничка несреќа во Шпанија
ВМРО-ДПМНЕ: Унапредувањето во спортот еден од приоритетите на владата
Новиот амбасадор на Шведска Ларс Валунд ги предаде копиите од акредитивните писма
Франција го заострува законот за имиграција и државјанство
Убиен градоначалникот на италијанскиот град Полика
Во Охрид Конференција посветена на надминување на регионалните диспаритети
Охридската полиција приведе две лица за нелегална трговија со дрога
За околу 500 ученици во тетовската населба Дреновец денеска започна учебната година
Припадниците на АРМ со донации за центрите за социјални работи во Дебар и Куманово по повод 8-ми септември
Декларација „За новинарството се работи“
Во Скопје изложба на фотографии за Брисел
Почнува меѓународната манифестација „Струшка музичка есен“
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи