
|
 |
Вести / Македонија
Вредно археолошкло откритие на локалитетот Плаошник во Охрид
Охрид, 24 јули (МИА) - При последните ископувања спроведени деновиве на археолошкиот локалитет Плаошник во Охрид откриен е гроб на покојничка од висок општествен ранг од железното време. Се проценува дека откритието датира од осмиот - седмиот век пред нашата ера и станува збор за оставнина на Енгеланите, кои во тоа време ја населувале западна Македонија.
Гробницата се разликува од сличните откритија пронајдени на археолошките локалитети во источниот дел на Македонија по бројноста на зачуваните артефакти. Телото на покојничката било закопано со бронзена лентеста дијадема поставена на главата на починатата, потоа бронзен појас со трилисни украсни додатоци, масивни бронзени белегзии и други украси.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|